Фуражни култури
Фуражни култури или фуража како поим се користи за означување растителен материјал (главно листови и дршки) што се користи како сточна храна, во свежа состојба или сушена. Историски гледано, во почетокот поимот ги опфаќал растенијата што животните ги користеле директно, како треви, жита или недозреани житни култури, но подоцна се користи во поширока форма и вклучува растенија што се косени, сушени и давани како храна на животните, особено сламата или силажните растенија.
Иако терминот сточна храна има поширока дефиниција, терминот фуражни култури се користи за дефинирање земјоделски култури, едногодишни или двегодишни, кои се одгледуваат за да се искористат за пасење или за добивање сено како храна за добитокот.
Содржина |
Видови фуражни култури [уреди]
Фуражни култури се:
- зрна: пченка, овес, јачмен, шеќерна трска, просо, сирак и др.
- мешунки: сточен грашок, лупина, граор и др.
- коренести: сточна репка, батат
Начини за чување на фуражните култури [уреди]
За да се задоволат потребите на животните од храна во било која сезона, потребно е да се зачуваат фуражните растенија. Главно, се користат следниве три методи:
- Природно сушење - со што се добива сено;
- Дехидратација - отстранување на водата од сомелените растенија. Резултатот е добивање гранулирана сточна храна;
- Силажа - метод за релативно влажно зачувување на фуражните растенија врз основа на контролирана киселинска ферментација.
Сламата, споредниот производ од житните култури, исто така може да се користи како сточна храна во периодите кога нема ниту една друга храна. Сепак, пожелно е сламата да се измеша со други хранливи состојки, за да се зголеми хранливоста и да се подобри апетитот на добитокот.
Фуражните култури најчесто се одгледуваат заедно со индустриските култури и нивната застапеност во Македонија е релативно мала, односно изнесува околу 10%.[1]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Пребарувач на цени на фуражни култури и други внесови во РМ - Земјоделски пазарен инфпормативен систем (ЗПИС) (македонски)
- Пребарувач на цени на добиточна храна и житарки во РМ - Земјоделски пазарен инфпормативен систем (ЗПИС) (македонски)