Фојница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Фојница на мапата на БиХ

Фојницаград и општина во Централна Босна и Херцеговина, кој се наоѓа западно од главниот град Сараево. Се наоѓа во долината на Фојничка Река, притока на реката Босна. Административно, Фојница е дел од кантонот Централна Босна на Федерација Босна и Херцеговина. Тој е мал, живописен град во Централна Босна и е балнеолошко одморалиште.

Поглед на градот

Најважeн културно-историски споменик во Фојница е франскиот манастир Свет Дух во кој е сместен важен дел од културното наследство на нацијата, која се одржува од страна на франската покраина Босна Сребрена.

Франскиот манастир во Фојница има голема библиотека на филозофски и теолошки печатени дела од 16-ти до 19 век, а некои датираат од 1481 година.

Кралицата Катерина од Босна побарала засолниште од Османлиите во планините во близина на Фојница, пред да замине за Рим.

Фојница, исто така, има термална бања. Другата најпозната босанска бања е во Олово. А во близина земјоделска задруга произведува околу 20 тони компир годишно.

Население[уреди | уреди извор]

1971[уреди | уреди извор]

вкупно: 12,829

1981[уреди | уреди извор]

вкупно: 15,045

  • Бошњаци - 7,637 (50.76%)
  • Хрвати - 6,432 (42.75%)
  • Срби - 422 (2.80%)
  • Југословени - 392 (2.60%)
  • други - 162 (1.09%)

1991[уреди | уреди извор]

вкупно: 16,296

  • Бошњаци - 8,024 (49.23%)
  • Хрвати - 6,623 (40.64%)
  • Срби - 157 (0.96%)
  • Југословени - 407 (2.49%)
  • други - 1,085 (6.68%)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]