Ѕвезден систем — мал број на ѕвезди кои орбитираат една околу друга,[1] зафатени од привлечноста на гравитацијата. Многу поголем број на ѕвезди фатени од гравитацијата се нарекуваат ѕвездено јато или галаксија, иако и тие се еден вид ѕвездени системи. Ѕвезден систем понекогаш се користи за да се означи систем на една ѕвезда со нејзиниот планетарен систем односно помали небесни тела кои кружат околу неа.[2][3]
Ѕвезден систем на две ѕвезди се нарекува „двојна ѕвезда“, „двоен ѕвезден систем“ или „физичка двојна ѕвезда“ (во странска литература се води како „бинарна“). Ако не постојат ефекти на плима, ниту растројувања од други сили, и ако не постои трансфер на маса од една ѕвезда на друга, таквиот систем се нарекува стабилен, и двете ѕвезди ќе оцртуваат елиптичнаорбита околу центарот на масата на системот.
Повеќеѕвезден систем е систем на повеќе од две ѕвезди.[4][5] Повеќеѕвездените системи можат да бидат тројни доколку содржат три ѕвезди; quadruple или quaternary ако содржи четири ѕвезди; quintuple со пет ѕвезди; sextuple со шест ѕвезди; septuple со седум ѕвезди; и така натаму.