Траве
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Траве Trave |
|
Устието на реката Траве |
|
| Извор | Шлезвиг-Холштајн |
|---|---|
| Устие | Балтичко Море |
| Земји во сливот | Германија |
| Должина | 124 km |
| Сливно подрачје | 2.676 km² |
Траве (герм. Trave) е река во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Долга е околу 124 километри, и тече од изворот близу селото Гиселраде во Источен Холштајн, па сè до Травеминде, кајшто се влева во Балтичкото Море (Либечки Залив). Тече низ местата Бад Зегеберг, Бад Олдесло и градот Либек, каде се поврзува со каналот Елба-Либек. Реката е пловна за морски бродови од Балтикот до пристаништата на Либек.
Покрај разните мостови што ја сечат, под реката минува тунелот Херен, а по неа оди траект што го поврзува Травеминде со полуостровот Привал.
Притоки на Траве се реките Вакениц и Штепениц.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Траве“ |