Канал Елба-Либек
Каналот Елба-Либек (исто така познат и како „Канал Елба-Траве“) е вештачки воден пат во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Ги поврзува реките Елба и Траве, што претставува пристапен пат од Елба до Балтичко Море. Тој е 67 километри долг; на северниот крај е Либек, на јужниот крај е градот Лауенбург. Градот Мелн е долж каналот.
Претходник на каналот бил Stecknitz Canal (Канал Штекниц), изграден под Ерих IV, војвода на Саксо-Лауенбург, помеѓу 1390 и 1398, правејќи го еден од најстарите вештачки водни патишта во Европа. Овој канал ги поврзувал малите реки Штекниц (притока на Траве) и Делвенау (притока на Елба). Бил дел од старата патека на солта. Каналот Штекниц бил 85 центиметри длабок, 7,5 метри широк и 94 километри долг. Каналот имал 17 дрвени брани, од кои Palmschleuse (Палмшлојсе) во Лауенбург сè уште постои.
Според авторите Дејвид Кирби и Мерџа-Лиса Хинканен, „патувањето (долж Штекниц) често траело до четиринаесет дена, поради големиот број на брани и на несоодветноста на истите. Голем број на планови за нов канал Балтичко-Северно Море се појавиле уште во 17-от век, но ниеден не стигнал на реализација.
Во 1900, стариот канал бил заменет од сегашниот канал Елба-Либек. Делумно бил искористен и стариот канал, како и Штекниц и Делвенау. Новиот канал, генерално, бил се исправил, така што ја намалил должината на моменталните 67 километри.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Канал Елба-Либек“ |
| Оваа локација во Шлезвиг-Холштајн статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |