Тамара Грујеска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тамара Грујеска (родена 2010) е македонска пејачка од Гостивар. Стекнува слава во раните години на кариерата како претставник на Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија во 2023 година со песната „Кажи ми кој“. Покрај тоа, освојува голем број награди на меѓународни музички фестивали и натпревари.

Животопис[уреди | уреди извор]

Грујеска ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија во 2023 година со песната „Кажи ми кој“ и го освојува дванаесеттото место.[1]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

На 10 мај 2024 година, ги освојува наградите Гран При и првото место во својата категорија на Тин изведувачи на Интернационалниот музички фестивал Angel Voice (македонски: Ангелски глас), што се одржува во Белград, Србија. На фестивалот, ги изведува песните I Surrender од Селин Дион и I See Red од Everybody Loves An Outlaw и се појавува облечена во два аутфити во розова и сина боја од дизајнерката Ива Спасовска.[2]


Освен на овој фестивал, Грујевска има освојувано награди на Интернационални и домашни музички фестивали во Русија, во Нови Сад, Србија, во Струга и Прилеп помеѓу другите. [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Забава (Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија, Франција повторно победи“. Макфакс. 27 ноември 2023. Посетено на 10 мај 2024.
  2. „Гостиварка со ангелски глас: Тамара Грујеска победи на фестивал во Србија – освои 2 трофеи“. Црно и бело. 10 мај 2024. Посетено на 10 мај 2024.
  3. „Тамара од Гостивар освои Гран При на музички фестивал во Белград“. Гостивар Прес. 10 мај 2024. Посетено на 10 мај 2024.