Стрептококен фарингитис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стрептококен фарингитис
Класификација и надворешни извори
Големи крајници одзади во грлото, покриени со бел секрет.
Случај со култура позитивна за стрептококен фарингитис кај 16-годишно дете, со карактеристичен гној на крајниците.
МКБ-10 J J 02 . 0 02 . 0
МКБ-9 034,0 034,0
DiseasesDB 12.507
MedlinePlus 000.639

Стрептококен фарингитис или стрептококно воспаление на грлото е болест што ја предизвикува бактерија наречена „стрептокок од група А“.[1] Стрептококното воспаление се одразува на грлото и на крајниците. Крајниците се две жлезди во грлото, одзади во устата. Стрептококното воспаление на грлото може да се одрази и на гласовниот апарат (ларинкс, грклан). Чести симптоми се треска, болка во грлото (уште наречено и воспалено грло) и отечени жлезди (наречени лимфни јазли) во вратот. Стрептококното воспаление на грлото предизвикува 37% од воспаленијата на грло кај децата.[2]

Стрептококното воспаление на грлото се пренесува преку близок контакт со болно лице. За да се утврди со сигурност дека тоа лице има стрептококно воспаление на грлото, потребно е да се испита брис од грлото, наречен стрептококна култура. Дури и без ова испитување, стрептококното воспаление на грлото може да се препознае по симптомите. Антибиотикот може да му помогне на болниот од стрептококно воспаление на грлото. Антибиотиците се лекови што ги убиваат бактериите. Се користат, главно, за да се спречи компликација како ревматска треска, како и да го скратат времетраењето на болеста.[3]

Знаци и симптоми[уреди]

Вообичаени симптоми на стрептококното воспаление на грлото се: отечено грло, температура повисока од 38°C (100.4°F), гној (жолта или зелена течност што содржи мртви бактерии и бели крвни зрнца) на крајниците, како и отечени лимфни јазли.[3]

Може да има и други симптоми, како:

Лицето што има грло воспалено од стрептокок ќе покаже симптоми еден до три дена откако ќе биде во допир со заболено лице. [3]

Причинители[уреди]

Стрептококното воспаление на грлото е предизвикано од еден вид на бактерија што се нарекува бета-хемолитичен стрептокок од група А (GAS).[6] И други бактерии или вируси може да предизвикаат отечено грло. [3] [5] Луѓето се заразуваат со стрептокок при директен и близок допир со заболено лице. Болеста многу полесно се шири кога луѓето се во непосредна близина еден со друг.[5][7] Примери за луѓе во непосредна близина се оние во војска или во училишта. Бактеријата GAS може, со сушење, да стане прав, а потоа не може да ги заразува другите. Ако во околината се задржат влажни бактерии, тие можат да ги заразуваат луѓето до 15 дена.[5] Влажни бактерии има на предмети како четкичка за заби. Бактериите можат да живеат и во храна, но тоа е невообичаено. Оние што ја јадат таа храна може да се разболат.[5] Дванаесет отсто од децата без симптоми на стрептококно воспаление, обично ја имаат бактеријата GAS во грлото.[2]

Дијагноза[уреди]

Изменета „сентор“ пресметка
Поени Веројатност за стрептококно воспаление Лекување
1 или помалку <10% Нема потреба од антибиотик или правење култура
2 11–17% Антибиотик според направената култура или RADT
3 28–35%
4 или 5 52% Антибиотици без да се прави култура

Со список наречен изменета пресметка „сентор“ (Centor), лекарите одлучуваат како да ги лекуваат заболените со отечено грло. Пресметката „сентор“ има пет клинички мерења или посматрања. Ја покажува веројатноста поединецот да има стрептококно воспаление на грлото.[3]

По еден поен се дава за секој од овие критериуми:[3]

  • изоставена кашлица;
  • отечени лимфни јазли или лимфни јазли што болат на допир;
  • температура повисока од 38°C;
  • гној или оток на крајниците;
  • возраст под 15 години (се одзема поен доколку лицето е постаро од 44 години).

Лабораториски испитувања[уреди]

Тестот наречен стрептококна култура од грло е главниокт начин[8] да се дознае дали лицето има стрептококно воспаление на грлото. Тестот е точен во 90 до 95 проценти од случаите.[3] Има уште еден тест, брз тест за стрептокок или RADT. Брзиот тест за стрептокок е побрз од правењето стрептококна култура од грлото, но болеста ја наоѓа прецизно во 70 отсто од случаите. И двата теста покажуваат кога лицето нема стрептококно воспаление на грлото. Тоа го покажуваат прецизно во 98 отсто од случаите.[3]

Правењето стрептококна култура или брз тест за стрептокока покажува дали кај болниот има стрептококно воспаление на грлото.[9] Кај оние што немаат симптоми, не треба да се прават испитувања со стрептококна култура или брз тест за стрептокока, бидејќи одредени поединци обично ја имаат бактеријата стрептокока во грлото, но без лоши резултати. Ним не им е потребно лекување.[9]

Диференцијална дијагноза[уреди]

Стрептококното воспаление на грлото ги има истите симптоми како и други болести. Поради тоа, тешко е без направена стрептококна култура или брз тест за стрептокок да се одреди дали поединецот има стрептококно воспаление на грлото.[3] Доколку има треска и отечено грло, проследено со кашлица, растечен нос, пролив и појава на црвени очи што чешаат, најверојатно се работи за отечено грло предизвикано од вирус.[3] Заразната мононуклеоза може да предизвика отекување на лимфните јазли во вратот и отечено грло и треска, а може да ги зголеми и крајниците.[10] Оваа дијагноза може да се определи преку испитување на крвта. Меѓутоа, нема одредено лекување за заразната мононуклеоза.

Спречување[уреди]

Некои поединци почесто имаат стрептококно воспаление на грлото. Воспалението кај нив може да се спречи со отстранување на крајниците.[11][12] Ако поединецот има три или повеќе пати во годината стрептококно воспаление на грлото, постои добра причина да се отстранат крајниците.[13] Погодно е и да се чека.[11]

Лекување[уреди]

Стрептококното воспаление на грлото обично трае неколку дена без лекување.[3] Обично, со лекување со антибиотици, симптомите ќе исчезнат 16 часа побрзо.[3] Главна причина за лекување со антибиотици е да се намали ризикот од посериозно заболување, како, на пример, срцево заболување познато како ревматска треска или насобирање на гној во грлото познато како ретрофарингијално загнојување.[3] Антибиотиците добро делуваат ако се дадат во рок од 9 дена откако почнале симптомите.[6]

Лекови за болка[уреди]

Болката што ја предизвикува стрептококното воспаление на грлото може да се намали и со лекови за олеснување на болка.[14] Такви лекови обично се NSAID или парацетамол што е познат и како ацетаминофен. Корисни се и стреоиди[6][15], како и вискозен лидокаин.[16] Кај возрасни може да се користи и аспирин. Кај деца не е добро да се дава аспирин, бидејќи ја зголемува веројатноста кај нив да се развие Рејов синдром.[6]

Антибиотски лекови[уреди]

Пеницилин V е најчестиот антибиотик што се користи во Соединетите Американски Држави за стрептококно воспаление на грлото. Лекот е популарен затоа што е безбеден, добро делува и не чини многу пари.[3] Во Европа обично се користи амоксицилин.[17] Во Индија е поверојатнно болните да добијат и ревматска треска. Поради тоа, вообичаено се лекува со инјектиран лек познат како бензатин пеницилин G.[6] Антибиотиците го скратуваат просечното времетраење на симптомите. Просечното времетраење е од три до пет дена. Антибиотиците го намалуваат за еден ден. Овие лекови го намалуваат и ширењето на болеста.[9] Лековите, главно, се користат за да се избегнат ретки компликации. Такви се ревматска треска, осипи илиинфекции.[18] Добрите ефекти на антибиотиците треба да се урамнотежени со можните несакани ефекти.[5] Можно е антибиотската терапија да нема потреба да им се дава на здрави возрасни лица што имаат лоша реакција на лекот.[18] Антибиотиците се користат за стрептококно воспаление на грлото многу почесто отколку што се очекува поради тоа колку тоа е сериозно и брзината со која се шири.[19] Лекот еритромицин (и други лекови, наречени макролиди) треба да се користат кај оние што имаат лоши алергии на пеницилин.[3] Цефалоспорините може да се користат кај оние со поблаги алергии.[3] Стрептококните инфекции можат да доведат до отекување на бубрезите (акутен гломерулонефритис). Антибиотиците не ги смалуваат шансите за појава на оваа состојба.[6]

Прогноза[уреди]

Симптомите на стрептококното воспаление на грлото обично се подобруваат, со или без лекување, за околу три до пет дена.[9]Лекувањето со антибиотици го смалува ризикот од потешки болести. Тие го отежнуваат и ширењето на болеста. Децата може да се вратат на училиште 24 часа по примање на првата доза од антибиотиците.[3]

Од стрептококното воспаление на грлото може да се предизвикаат следните сериозни проблеми:

Епидемиологија[уреди]

Стрептококното воспаление на грлото е вклучено во поопштата категорија на отечено грло или фарингитис. Околу 11 милиони луѓе годишно се болни од отечено грло во САД.[3] Повеќето случаи на стрептококно воспаление на грлото се предизвикани од вируси. Бета-хемолитичкиот стрептокок од бактериската група А предизвикува од 15 до 30 проценти од случаите на отечено грло кај децата. Кај возрасните, пак, предизвикува воспалено грло кај 5 до 20 проценти од случаите.[3] Случаите обично ги има во доцна зима или рана пролет.[3]

Наводи[уреди]

  1. Шаблон:DorlandsDict
  2. 2,0 2,1 Shaikh N, Leonard E, Martin JM (September 2010). „Prevalence of streptococcal pharyngitis and streptococcal carriage in children: a meta-analysis“. „Pediatrics“ 126 (3): e557–64. doi:10.1542/peds.2009-2648. PMID 20696723. 
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 Choby BA (March 2009). „Diagnosis and treatment of streptococcal pharyngitis“. „Am Fam Physician“ 79 (5): 383–90. PMID 19275067. http://www.aafp.org/afp/2009/0301/p383.html. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Brook I, Dohar JE (December 2006). „Management of group A beta-hemolytic streptococcal pharyngotonsillitis in children“. „J Fam Pract“ 55 (12): S1–11; quiz S12. PMID 17137534. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Hayes CS, Williamson H (April 2001). „Management of Group A beta-hemolytic streptococcal pharyngitis“. „Am Fam Physician“ 63 (8): 1557–64. PMID 11327431. http://www.aafp.org/afp/20010415/1557.html. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Baltimore RS (February 2010). „Re-evaluation of antibiotic treatment of streptococcal pharyngitis“. „Curr. Opin. Pediatr.“ 22 (1): 77–82. doi:10.1097/MOP.0b013e32833502e7. PMID 19996970. 
  7. Lindbaek M, Høiby EA, Lermark G, Steinsholt IM, Hjortdahl P (2004). „Predictors for spread of clinical group A streptococcal tonsillitis within the household“. „Scand J Prim Health Care“ 22 (4): 239–43. doi:10.1080/02813430410006729. PMID 15765640. 
  8. Smith, Ellen Reid; Kahan, Scott; Miller, Redonda G. (2008). „In A Page Signs & Symptoms“. In a Page Series. Hagerstown, Maryland: Lippincott Williams & Wilkins. стр. 312. ISBN 0-7817-7043-2. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Bisno AL, Gerber MA, Gwaltney JM, Kaplan EL, Schwartz RH (July 2002). „Practice guidelines for the diagnosis and management of group A streptococcal pharyngitis. Infectious Diseases Society of America“. „Clin. Infect. Dis.“ 35 (2): 113–25. doi:10.1086/340949. PMID 12087516. 
  10. Ebell MH (2004). „Epstein-Barr virus infectious mononucleosis“. „Am Fam Physician“ 70 (7): 1279–87. PMID 15508538. http://www.aafp.org/afp/20041001/1279.html. 
  11. 11,0 11,1 Paradise JL, Bluestone CD, Bachman RZ, et al. (March 1984). „Efficacy of tonsillectomy for recurrent throat infection in severely affected children. Results of parallel randomized and nonrandomized clinical trials“. „N. Engl. J. Med.“ 310 (11): 674–83. doi:10.1056/NEJM198403153101102. PMID 6700642. 
  12. Alho OP, Koivunen P, Penna T, Teppo H, Koskela M, Luotonen J (May 2007). „Tonsillectomy versus watchful waiting in recurrent streptococcal pharyngitis in adults: randomised controlled trial“. „BMJ“ 334 (7600): 939. doi:10.1136/bmj.39140.632604.55. PMID 17347187. 
  13. Johnson BC, Alvi A (March 2003). „Cost-effective workup for tonsillitis. Testing, treatment, and potential complications“. „Postgrad Med“ 113 (3): 115–8, 121. PMID 12647478. 
  14. Thomas M, Del Mar C, Glasziou P (October 2000). „How effective are treatments other than antibiotics for acute sore throat?“. „Br J Gen Pract“ 50 (459): 817–20. PMID 11127175. 
  15. „Effectiveness of Corticosteroid Treatment in Acute Pharyngitis: A Systematic Review of the Literature.“. „Andrew Wing. 2010; Academic Emergency Medicine“. http://www3.interscience.wiley.com/journal/123372200/abstract. 
  16. „Generic Name: Lidocaine Viscous (Xylocaine Viscous) side effects, medical uses, and drug interactions“. „MedicineNet.com“. http://www.medicinenet.com/lidocaine_viscous/article.htm. конс. 7 мај 2010. 
  17. Bonsignori F, Chiappini E, De Martino M (2010). „The infections of the upper respiratory tract in children“. „Int J Immunopathol Pharmacol“ 23 (1 Suppl): 16–9. PMID 20152073. 
  18. 18,0 18,1 Snow V, Mottur-Pilson C, Cooper RJ, Hoffman JR (March 2001). „Principles of appropriate antibiotic use for acute pharyngitis in adults“. „Ann Intern Med“ 134 (6): 506–8. PMID 11255529. http://www.annals.org/cgi/reprint/134/6/506.pdf. 
  19. Linder JA, Bates DW, Lee GM, Finkelstein JA (November 2005). „Antibiotic treatment of children with sore throat“. „J Am Med Assoc“ 294 (18): 2315–22. doi:10.1001/jama.294.18.2315. PMID 16278359. http://jama.ama-assn.org/cgi/content/full/294/18/2315. 
  20. 20,0 20,1 „UpToDate Inc.“. http://www.utdol.com/online/content/topic.do?topicKey=upp_resp/4610. 
  21. Stevens DL, Tanner MH, Winship J, et al. (July 1989). „Severe group A streptococcal infections associated with a toxic shock-like syndrome and scarlet fever toxin A“. „N. Engl. J. Med.“ 321 (1): 1–7. doi:10.1056/NEJM198907063210101. PMID 2659990. 
  22. 22,0 22,1 Hahn RG, Knox LM, Forman TA (May 2005). „Evaluation of poststreptococcal illness“. „Am Fam Physician“ 71 (10): 1949–54. PMID 15926411. 

Надворешни врски[уреди]


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Стрептококен фарингитис е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.