Сокол ластовичар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сокол ластовичар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Фамилија: Соколи
Род: Сокол
Вид: Сокол ластовичар
Биномен назив
Falco subbuteo
Linnaeus, 1758
Сокол ластовичар
Младенче

Сокол ластовичар (Falco subbuteo) е мал слаб сокол. Тој им припаѓа на тесно поврзана група слични соколи кои често се сметаат за подрод Hypotriorchis.[2]

Опис[уреди]

Возрасните единки се сивкасти на врвот со темна круна и две кратки црни ленти. Грлата им се бели, бутовите им се ненабраздени и останатиот дел од телото им е белкаст со црни ленти. Половите се слични. Младенчињата се вообичаено многу покафеафкасти, со намалени горни делови и набраздени кожести бутови и се покриени зад опашката.[3]

Соколот ластовичар има посебни прволетни перја.[4]

Таксономија и систематизација[уреди]

Овој вид беше првично откриен од Карл Линеј во неговото дело „Систем на природата“ во 1758 г. како Falco subbuteo.[5]

Моментално се познати два подвида:

  • subbuteo – номинираната раса е жител во Африка, Европа и централна и источна Азија, во зимите во централна и јужна Африка и јужна Азија .
  • streichi, опишан од Хартерт и Неуман во 1907, е во помала големина и е пронајден во далечниот исток од опсегот на subbuteo.

Дистрибуција и статус[уреди]

Овој вид го има низ Африка, Европа и Азија. Тој е птица-преселница на долга дистанца, презимувајќи во Африка и Азија.

Однесување и екологија[уреди]

Соколот ластовичар е птица која живее на отворени земјишта како обработливо земјиште, мочуриште, тајги и савани. Тие се широко распространети во ниските земји со расфрлани мали шуми. Тоа е елегантна птица ловец, која се појавува како срп во лет со нејзините долги истакнати крилја и коцкаста опашка. Таа лета моќно и брзо. Јаде големи инсекти, како што се вилините коњчиња, кои ги пренесува од канџите за да јаде со клунот додека лета поспоро во кругови.[6] Таа исто така лови мали лилјаци и мали птици како што се ластовицата, врапчето и др. Нејзината брзина и акробатски способности ѝ овозможуваат да зема ластовици па дури и врапци на крилјата, и селски или градски ластовички. Испушта карактеристичен звук, како аларм. Таа е позната како вознемирувач на ластовиците додека тие кокошарат и ги растураат кокошарниците.[3] Додека се селат, тие можат да се движат во мали групи.

Неговите гнезда се стари гнезда од врани и други птици. Одбирањето на дрвото е најчесто работ на дрвото или екстремните рабови од каде птицата ќе може да ги надгледува натрапниците од дистанца. Таа положува 2-4 јајца. Инкубацијата може да трае до 28 дена и двата родители ја делат оваа должност, иако женката го врши поголемиот дел од задачата. [7]

Таа е многу храбра птица и била користена во соколарството, тренирана да лови птици како патки, славејчиња, пупунци,гаврани и др. [8]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Falco subbuteo. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003610. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Helbig et al. (1994), Wink et al. (1998), Nittinger et al. (2005)
  3. 3,0 3,1 Rasmussen PC & JC Anderton (2005). „Birds of South Asia: The Ripley Guide. Volume 2“. Smithsonian Institution & Lynx Edicions. стр. 114–115. 
  4. Small, Brian (1992): First-summer Hobbies in the New Forest British Birds 85(5): 251–5
  5. Linnaeus, C (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.“. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 89. „F. cera pedibusque flavis, dorso fusco, nucha alba abdomine pallido maculis oblongis fuseis.“ 
  6. Butler, EA, (1875). „Notes on the Avifauna of Mount Aboo and Northern Guzerat“. „Stray Feathers“ 3: 443–444. http://www.archive.org/stream/strayfeathersjou31875hume#page/443/mode/1up. 
  7. Baker, ECS (1928). „Fauna of British India. Birds. Volume 5“ (2 издание). Taylor and Francis, London. стр. 41–45. http://www.archive.org/stream/BakerFbiBirds5/BakerFBI5#page/n59/mode/1up. 
  8. Jerdon, TC (1864). „The birds of India. Volume 1“. George Wyman and Co, Calcutta. стр. 34–35. http://www.archive.org/stream/birdsofindiabein01jerd#page/33/mode/1up. 
Сокол ластовичар во лет
  • Helbig, A.J.; Seibold, I.; Bednarek, W.; Brüning, H.; Gaucher, P.; Ristow, D.; Scharlau, W.; Schmidl, D. & Wink, Michael (1994): Phylogenetic relationships among falcon species (genus Falco) according to DNA sequence variation of the cytochrome b gene. In: Meyburg, B.-U. & Chancellor, R.D. (eds.): Raptor conservation today: 593–599. PDF fulltext
  • Nittinger, F.; Haring, E.; Pinsker, W.; Wink, Michael & Gamauf, A. (2005): Out of Africa? Phylogenetic relationships between Falco biarmicus and other hierofalcons (Aves Falconidae). Journal of Zoological Systematics and Evolutionary Research 43(4): 321–331. doi:10.1111/j.1439-0469.2005.00326.x PDF fulltext
  • Wink, Michael; Seibold, I.; Lotfikhah, F. & Bednarek, W. (1998): Molecular systematics of holarctic raptors (Order Falconiformes). In: Chancellor, R.D., Meyburg, B.-U. & Ferrero, J.J. (eds.): Holarctic Birds of Prey: 29–48. Adenex & WWGBP. PDF fulltext

Надворешни врски[уреди]