Селска ластовичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Селска ластовичка
H. r. rustica во Данска
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ластовици
Род: Hirundo
Вид: H. rustica
Биномен назив
Hirundo rustica
Linnaeus, 1758
  Гнездење
  Постојано живеалиште
  Миграциони територии
Синоними
  • Hirundo erythrogaster

Селската ластовичка (Hirundo rustica) е најраспространет вид од фамилијата ластовици во светот.[2] Тоа се претпознатливи птици од редот на врапчевидните, со сино-црни горни делови, долги заоблени, шпицасти крилја. Ги среќаваме во Европа, вклучувајќи ја и Македонија, Азија, Африка и во Америка.[2] Во aнглофонска Европа се вика само ластовичка; а во северна Европа е единствениот вид којшто го нарекуваат „ластовичка“ наместо „мартин“.[3]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Има шест подвидови на селската ластовичка, коишто се размножувааат на северната хемисфера. Четири од нив мигрираат и презимуваат поголем дел во јужната хемисфера, сè до централна Аргентина, и ЈАР во јужна Африка и северна Австралија.[2] Поради нејзината распространетост селската ластовичка не е загрозен вид, иако може да има опаѓање на популацијата поради специфични закани.

Селската ластовичка е птица која живее во рамнини каде користи конструкции изградни од човекот за да се размножува и затоа се шири заедно со човечката експанзија. Гради гнездо во вид на филџани од топчиња кал во штали или слични објекти и се храни со инсекти кои што ги фаќа во лет.[4] Овој вид живее во симбиоза со луѓето, јаде инсекти, и поради тоа луѓето ги толерираат; оваа прифатеност од страна на луѓето била зацврстена од суеверие. Овој вид често е спомнуван во литературата и во религијата. Селската ластовичка е национална птица на Австрија и Естонија.

Опис[уреди]

Возрасната машка селска ластовичка од подвидот H. r. rustica е 17–19 cm долга вклучувајќи 2–7 cm од продолжените надворешни перја на опашката. Има распон на крилја од 32 до 34.5 cm и тежи 16–22 g . Има „челично“ сини горни делови и темно кафени чело, брада и врат, кои што се одделени од бело-жолтеникавите долни делови со темно-син дел на градите. Надворешните перја на опашката се издолжени, давајќи ги карактеристичните длабоко чаталести ластовични опашки. Има линија од бели дамки преку надворешниот дел од горниот дел на опашката.[4]

Женката е слична во изглед со мажјакот, но опашните перја ѝ се пократки, синото во горните делови и делот на градите се помалку сјајни, а долните делови ѝ се побледи. Младенчињата се покафени, со побледо кафено лице и бели долни делови. Исто така, му недостигаат опашните перја коишто ги имаат возрасните.[2] Ластовичките летаат многу добро и прават одлични маневри во воздухот. Нозете им се многу мали и недоволно развиени, и одат лошо и ретко.

Песната на селската ластовичка е радосно цвркотење, често завршувајќи со „су-сеер“ со втората нота повисока од првата но со опаѓачки интензитет. Повиците вклучуваат „вит“ или „вит-вит“ и гласно „спли-плинк“ кога е возбудена (или обидувајќи се да избркаат натрапници подалеку од нејзиното гнездо). Повиците за време на страв вклучуваат остро „сифлит“ за натрапници како мачки и „флит-флит“ за птици натрапници.

Комбинацијата на црвено лице и синиот дел на градите ја прават возрасната селска ластовичка лесно претпознатлива и ја издвојуваат од африканските Hirundo видови и од (Hirundo neoxena) со чиј домет се преклопува во Aвстралија.[2] Во Африка каратките опашести пердуви на младата селска ластовица предизвикуваат заблуда, па може да се помеша со (Hirundo lucida), но втората има потесни гради и побела опашка.

Таксономија[уреди]

Во однос на таксономијата има многу препирања, но сепак може да се издвојат следните 6 подвидови:

  • H. r. rustica
  • H. r. transitiva
  • H. r. savignii
  • H. r. gutturalis
  • H. r. tytleri
  • H. r. erythrogaster

Однесување[уреди]

Селската ластовица сака да живее на отворена земја, со ниска вегетација, на ниви, ливади, фарми, по можност со вода во близина. Исто така, важно е да има достапни места, како штали, плевни, тераси и сл. каде може да го изгради гнездото, како и отворени делови, жици, кровови, бандери, од каде што ќе може да набљудува.[4]

Исхрана[уреди]

Голем дел од животот селските ластовички го минуваат летајќи, па затоа се хранат речиси целосно само со летечки инсекти, како муви, комарци, пеперутки и сл.

Размножување[уреди]

Младенче

Мажјакот прв пристигнува на местото на гнездење, го одбира гнездото, а потоа прави кружни летови и пее, на тој начин рекламирајчи се и повикувајќи ја женката кај него. Успешноста за спарување на мажјакот зависи и од должината на чаталите на опашката. Подолгата машка опашка е поатрактивна за женките.[5] Мажјаците со подолги пердуви на опашката генерално и подолго живеат и се поотпорни на болести, што индицира дека имаат генетски предиспозиции за здрави поколенија. [6] Кога ќе се спарат, остануваат да живеат заедно до крајот на животот, но за создавање поколенија може да се спарат и со друга женка. Значи, генетски се полигамни, а социјално моногамни. [7] Males guard females actively to avoid being cuckolded.[8] Males may use deceptive alarm calls to disrupt extrapair copulation attempts toward their mates.[9] Двата родитела го заштитуваат гнездото, но мажјаците се поагресивни и потериторијални. Гнездото во облик на шоља обично женките го постилаат со тревки, пердуви и мов [10] или друг мек материјал.[2] Женките лежат 2-7, но почесто 4-5 бели јајца испрскани со црвеникави точки. Јајцата се 20 mm големи, и 1,9 g тешки. Периодот на инкубација вообичаено трае 14-19 дена, и уште 18-23 дена додека младенчињата не се осамостојат. По осамостојувањето остануваат со родителите уште една недела кога родителите уште ги хранат. Ластовичките ги напаѓаат предаторите, како на пример, мачките, кои премногу се приближиле до гнездото, така што ќе летаат многу ниско, блиску до нив.[6] Годишно обично имаат по две легла. Првото гнездо се користи и за второто легло, како и за следните години, со мали поправки. Иако рекордна старост на селска ластовичка е 11 години, тие просечно живеат помалку од 4.

Статус[уреди]

Селската ластовичка има енормно голема распространетост и популација. Распространета е на 5,1 милиони квадратни километри и има 190 милиони индивидуи.[11] Климатските промени може да влијаат на ластовичката со намалување на тежината и бавното растење на пердувите, жешките лета може да ја намалат количината на инсектите за исхрана, но топлите зими, пак, може да придонесат за зголемување на популацијата со побрзо гнездење. Така што, нема опасност за изумирање на селската ластовичка.[12]

Односи со луѓето[уреди]

Мажјак

Селската ластовичка е убава птица која се храни со летечки инсекти кои им пречат на луѓето, па затоа тие ја толерираат и ѝ дозволуваат да ги гради своите гнезда на куќите, шталите, терасите и сл. Освен тоа, бидејќи рано мигрира (се враќа од зимување) таа го означува почетокот на пролетта.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Hirundo rustica. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106007116. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Turner, Angela K; Rose, Chris (1989). „Swallows & martins: an identification guide and handbook“. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-395-51174-7.  p164–169
  3. See Gill, Frank, and Wright, Minturn, Birds of the World: Recommended English Names (Princeton 2006), ISBN 978-0-691-12827-6
  4. 4,0 4,1 4,2 Snow, David; Perrins, Christopher M (editors) (1998). „The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes)“. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X.  p1061–1064
  5. Saino, Nicola; Romano, Maria; Sacchi; Roberto; Ninni, Paola; Galeotti, Paolo; Møller, Anders Pape (September 2003). „Do male barn swallows (Hirundo rustica) experience a trade-off between the expression of multiple sexual signals?“. „Behavioral Ecology and Sociobiology“ 54 (5): 465–471. doi:10.1007/s00265-003-0642-z. 
  6. 6,0 6,1 Møller, Anders Pape (1994). „Sexual Selection and the Barn Swallow“. Oxford: Oxford University Press. стр. 245. ISBN 0-19-854028-0. 
  7. Møller, Anders Pape; Tegelstrom, Håkan (November 1997). „Extra-pair paternity and tail ornamentation in the barn swallow“. „Behavioral Ecology and Sociobiology“ 41 (5): 353–360. doi:10.1007/s002650050395. 
  8. Møller, Anders Pape (October 1985). „Mixed reproductive strategy and mate guarding in a semi-colonial passerine, the swallow Hirundo rustica“. „Behavioral Ecology and Sociobiology“ 17 (4): 401–408. doi:10.1007/BF00293220. 
  9. Møller, Anders Pape (1990). „Deceptive use of alarm calls by male swallows, Hirundo rustica: a new paternity guard“. „Behavioral Ecology“ 1 (1): 1–6. doi:10.1093/beheco/1.1.1. 
  10. Duffin, K. (1973). „Barn Swallows use freshwater and marine algae in nest construction“. „Wilson Bull.“ 85: 237–238. 
  11. Dewey, Tanya (2002). Hirundo rustica. „Animal Diversity Web“. University of Michigan Museum of Zoology. архивирано од оригиналот на 10 декември 2007. http://web.archive.org/web/20071210232505/http://animaldiversity.ummz.umich.edu/site/accounts/information/Hirundo_rustica.html. конс. 19 ноември 2007. 
  12. Turner, Angela (January 2009). „Climate change: a Swallow's eye view“. „British Birds“ 102 (1): 3–16. 

Надворешни врски[уреди]