Симо Хајха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симо Хајха откако му беше доделен почесниот модел на пушката 28.

Симо Хајха (Simo Häyhä) (17 декември 19051 април 2002), кој го доби прекарот "Бела Смрт" (руски: Белая Смерть, Belaja Smert; фински: Valkoinen Kuolema; шведски: den Vita Döden; германски: der Weiße Tod) од страна на Црвената армија бил фински снајперист. Тој, користејќи модификувана Mosin–Nagant пушка (руски: Винтовка Мосина) за време на Зимската војна, го направи рекордот за најголем број на потврдени извршени убиства со снајпер (505) во која било војна. [1][2]

Млади години[уреди]

Хајха (Häyhä) се родил во општината Раутајарви (Rautjärvi) близу денешната граница меѓу Финска и Русија и ја започна воената служба во 1925 год. Пред да навлезе во војната Хајха беше фармер и ловец. Кога имаше 17 години ѝ се придружи на финската војска суојелускунта (suojeluskunta), а своите стрелачки способности ги докажа во стрелачките натпревари во провинцијата Виипури (Viipuri). Куќата на фармата му била преполна со трофеи по стрелаштво.[3]

Воена служба во Зимската војна[уреди]

За време на Зимската војна (1939–1940) меѓу Финска и Советскиот Сојуз тој ја започна својата служба како снајперист и се бореше за Финската армија против Црвената армија. Борејќи се на температури меѓу −40 and −20 степени Целзиусови камуфлиран во целосно бела облека нему му се припишуваат 505 потврдени и 37 непотврдени убиства на советски војници.[2][4] Неофицијалната бројка од бојното поле на убиени луѓе со снајперска пушка од страна на Хајха за време на битката на Колаа (Kollaa) изнесува преку 800.[5] Во Колаа водеа дневен записник за бројот на убиства на финските снајперисти. Освен оние со снајпер, на Хајха му се припишуваат и преку 200 убиства со митралез (Суоми КП/-31) (Suomi KP/-31), со што бројот на припишани убиства би се зголемил на 705.[4] Неверојатно е тоа што сите убиства ги извршил за помалку од 100 дена и тоа во дел од годината кога деновите се кратки и има малку сонце.[6][7][8]

Хајха (Häyhä) ја користеше финската верзија на руската Mosin-Nagant пушка наречена М/28 „Пистикорва” ("Pystykorva") или „Спиц” ("Spitz"), а е пушка на финската Бела Гарда, затоа што му одговараше на малото тело (1.60 m). Претпочиташе да го користи железниот нишан на врвот од пушката наместо телескопскиот нишан за да биде понезабалежлив (снајперистот мора да ја подигне главата кога користи телескопски нишан), за подобра видливост (стаклото на телескопскиот нишан во зимно време лесно се замаглува) и за да му помогне во криењето (одблесокот од сончевите зраци во леќите на телескопскиот нишан може да ја открие местоположбата на снајперистот). Уште една тактика која ја користеше беше стврднување на снегот пред него за при истрел снегот да не се разнесува на сите страни и ја открие неговата местоположба. Исто така ставаше снег во устата за да не издишува, знаејќи дека дури и здивот може да открие каде се наоѓа.

Советите се обидоа да го убијат на неколку начини меѓу кои против-снајперски тактики и артилериски напади. На 6 март 1940 год., за време на битка, Хајха беше погоден во левата страна на долната вилица од страна на руски војник и куршумот излегол низ неговата глава. Го спасија неговите соборници кои велат дека му фалела половина глава, но не беше мртов. Ја поврати свеста на 13 март, денот кога беше прогласен мир. Веднаш по војната Хајха беше унапреден од аликерсанти (alikersantti) (десетар) во потпоручник од страна на фелдмаршалот Карл Густаф Емил Манерхајм (Carl Gustaf Emil Mannerheim). Никој во воената историја на Финска не се здобил со толку висок ранг толку брзо.

Животот потоа[уреди]

Фотографија од Симо Хајха од 1940 год. со деформирана вилица поради повреда стекната од непријателски куршум.

На Хајха му требаа неколку години да закрепне од повредата. Куршумот му ја уништил вилицата и му го откинал левиот образ. Сепак, целосно се опоравил и станал успешен ловец на лосови и одгледувач на кучиња, а ловел и со финскиот претседател Урхо Кеконен (Urho Kekkonen).

Кога во 1996 г. го прашале како станал толку добар стрелец, тој одговорил: „вежбање”. Кога го прашале дали жали што убил толку многу луѓе, тој рекол: „Го правев она што ми беше речено да го правам најдобро што можев”. Симо Хајха (Simo Häyhä) последните години од животот ги помина во Руоколахти (Ruokolahti), мало село во југоисточна Финска близу руската граница.

Наводи[уреди]

  1. The Sniper Log Book—World War II
  2. 2,0 2,1 Rayment, Sean. „The long view“, „The Daily Telegraph“, 30 април 2006 (конс. 30 март 2009).
  3. Gilbert, Adrian (1996). „Sniper: The Skills, the Weapons, and the Experiences“. St. Martin's Press. стр. 88. ISBN 0312957661. 
  4. 4,0 4,1 „Sotasankarit-äänestyksen voitti tarkka-ampuja Simo Häyhä“ (на Finnish). „MTV3. http://www.mtv3.fi/uutiset/arkisto.shtml/arkistot/kotimaa/2007/11/584680. конс. 30 март 2009. 
  5. Fire and Ice: The Winter War of Finland and Russia
  6. Finland at War 1939-45, pp. 44-45. Brent Snodgrass, Raffaele Ruggeri. Osprey Publishing. ISBN 9781841769691 (2006)
  7. Out of Nowhere: A History of the Military Sniper, p. 167. Martin Pegler. Osprey Publishing. ISBN 9781846031403 (2006)
  8. Sniping: An Illustrated History, pp. 117-118. Pat Farey, Mark Spicer. MBI Publishing Company. ISBN 9780760337172 (2009)


Надворешни врски[уреди]