Светски куп во биатлон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Светски куп во биатлон ― серија од трки во биатлон од врвен ранг во тек на зимската сезона во организација на Меѓународниот биатлонски сојуз. Во машка конкуренција се одржува од сезоната 1977–78, а во женска конкуренција од 1982–83. До сезоната 1986–87 натпреварувањата во женска конкуренција биле наречени Европски куп, иако учеството на тој куп не било ограничено само на натпреварувачи од Европа.

Натпреварување и формат[уреди | уреди извор]

Кристални глобуси за сезоните 2009/2010 и 2007/2008 година.

Сезоната на Светскиот куп трае од ноември (или декември) до крајот на март, а трките се одржуваат еднаш неделно во различни скијачки центри, со исклучок на некои празници и неколку недели пред големи првенства во сезоната (Светски првенства или Зимски олимписки игри). Сезоната се состои од девет до десет натпреварувања, а настаните се одржуваат од среда/четврток до недела. Штафетните натпревари се одржуваат четири до шест пати во една сезона. Како настани на Светскиот куп се сметаат и Светските првенства, и до неодамна Зимските олимписки игри (последни олимписки игри кои влегувале во склоп на Светскиот куп биле Зимските олимписки игри во 2010; од Зимските олимписки игри во 2014 на натпреварувачите во Светскиот куп повеќе не им се доделуваат поени за нивните трки на олимписките игри).[1]

На спортистот со најмногу севкупно освоени поени (т.е. вкупен резултат од сите дисциплини) во сезоната од Светскиот куп му се доделува трофејот Голем кристален глобус. Мал кристален глобус се доделува за прво место во одделна дисциплина во сезоната. Оттука, можно е еден спортист да ги освои и Големиот и Малиот кристален глобус во иста сезона од Светскиот куп. [2]

За секоја трка, за прво место се доделуваат 60 поени, за второ место – 54 поени, трето место – 48 поени, четврто место – 43 поени, 5-то место – 40 поени, 6-то место – 38 поени, 7-мо – 36 поени, 8-мо – 34 поени, 9. – 32 поени, 10. – 31 поен, а потоа за секое наредно место бројот на освоени поени линеарно опаѓа, така што еден поен се доделува за 40то место.

МестоЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 Норвешка14171041
2 Франција132621
3 Источна Германија94417
4 Германија35917
5СССР СССР2338
6 Западна Германија2316
7 Русија16411
8 Шведска1113
9 Италија0145
10 Австрија0112
11 Белорусија0101
 Полска0101
13Чешка Чехословачка0011
 Словенија0011
Вкупно454545135

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „World Cup Biathlon Victories: How Many for Ole?“. International Biathlon Union. 3 December 2015. Архивирано од изворникот на 8 December 2015. Посетено на 15 March 2016.
  2. Nordvall, Michael (2017). Two Skis and a Rifle: An Introduction to Biathlon.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]