Рисер-Ларсенов Леден Гребен
Рисер-Ларсенов Леден Гребен (англиски: Riiser-Larsen Ice Shelf, норвешки: Riiser-Larsenisen) — леден гребен на брегот на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот. Се протега во должина од 400 км, од ’ртот Норвегија на север до островот Лидан и Стенком-Вилсовиот Ледник на југ.
Откривање и именување[уреди | уреди извор]
Делови од ледениот гребен се забележани од Вилијам Спирс Брус во 1904, Ернест Шеклтон во 1915 и Јалмар Рисер-Ларсен во 1930 г. Најголемиот дел е фотографиран од воздух во 1951-52 г. од Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (NBSAE), и преку тие слики е разграничен од околината. Понатамошното одредување на јужната и копнената граници of the feature е извршено од воздушни фотографии направени од американската морнарица во операцијата „Длабоко замрзнување“ од 1967 до 1969 г. Гребенот е наречен во Норвешка, во чест на капетанот Јалмар Рисер-Ларсен, кој го истражувал ова подрачје на крајот од 1920-тите и почетокот на 1930-тите.
Место од орнитолошка важност[уреди | уреди извор]
На северниот брег на гребенот има предел од 477 ха составен од прицврстен мраз, 90 км југозападно од Заливот на Фоките и 140 км североисточно од ’ртот Весткап. Овој предел е прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи на него има колонија од 4.000 царски пингвини, чија бројност е утврдена на сателиска снимка од 2009 г.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Riiser-Larsen Ice Shelf“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2015. Посетено на 22 ноември 2020.
- Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Рисер-Ларсенов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)
72°40′S 16°0′W / 72.667° ЈГШ; 16.000° ЗГД
|