Леден гребен
Леден гребен е дебела ледена платформа што се образува кога еден глечер или ледена покривка ќе се растече до брегот и врз морската површина. Се среќава само во Антарктика, Гренланд и Канада. Границата помеѓу ледениот гребен што плови и мразот на копното (на карпестото тло) што се претопува во него се нарекува копнена линија. Дебелината на ледените гребени се движи од 100 до 1000 метри.
За разлика од оваа појава, морскиот мраз се образува на самата вода и е многу потенок (обично помалку од 3 м) и се јавува ширум целиот Северен Леден Океан и во Јужниот Океан околу континентот Антарктика.
Ледените гребени се дополнуваат поради притисокот од копнениот мраз под дејство на гравитацијата[1] и постојано тече од копнениот дел кон гребенот. Гребените губат на маса кога, по години или децении, мразот станува доволно издаден во водата и од него се отцепува санта. Рамнотежата на масата се одржува со насобирање на снег врз горната површина и топењето што се случува во долниот дел. Се случува мразот да се насобира и на дното на гребенот.
Поради разликата во густината на водата и глечерскиот мраз, секое парче што плови е издадено само 1⁄9 над водата. Најголеми ледени гребени на светот се Росовиот и Филхнер-Ронеевиот Леден Гребен на Антарктикот.
Содржина |
Ледени гребени во Канада [уреди]
Сите ледени гребени во Канада се прикачени на островот Елсмир, северно од 82° СГШ. Денес постојат гребените Алфред Ернест, Ворд Хант, Милновиот и Смитовиот. Гребенот Меклинток се раздробил во периодот од 1963 до 1966 г., Ејсловиот во 2005, а Маракамовиот во 2008 г.
Ледени гребени на Антаркот [уреди]
Вкупно 44% од антарктичкиот брег има ледени гребени. Нивната вкупна површина изнесува 1.541.700 км².[2]
- Ронеев Леден Гребен
- Филхнеров Леден Гребен
- Росов Леден Гребен
- Белинсхаузенов Леден Гребен
- Западен Леден Гребен
- Лазарев Леден Гребен
- Ларсенов Леден Гребен
- Шеклтонов Леден Гребен
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Greve, R.; Blatter, H. (2009). „Dynamics of Ice Sheets and Glaciers“. Springer. doi:. ISBN 978-3-642-03414-5.
- ↑ [1]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Леден гребен“ |
- Ледени гребени - Национален центар за податоци за снег и мраз на САД (англиски)
- Канадска служба за мраз (француски) (англиски)