Рајна-Мајна

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Метрополитенски регион
Франкфурт/Рајна-Мајна

Metropolregion Frankfurt/Rhein-Main
Карта на метрополитенскиот регион Франкфурт Рајна-Мајна
Држава  Германија
Покраини  Хесен
 Рајнска област-Пфалц
 Баварија
Најголеми градови Франкфурт на Мајна
Дармштат
Мајнц
Офенбах
Висбаден
Управа[1]
 • Вид Издвоена асоцијација за планирање Франкфурт/Рајна-Мајна
 • Директор на асоцијацијата Хајко Касекерт (CDU)
Површина
 • Пошир. 14.800 км2
Население
 • Пошир. 5.800.000 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
БДП 2004
номинален 152,1 милијарди € (6. во ЕУ)
Портал http://www.planungsverband.de/

Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Мајна (германски: Frankfurt/Rhein-Main, скратено FRM) е втората по големина метрополитенска област во Германија, со вкупно население над 5,8 милиони. Метрополитенскиот регион се наоѓа во централниот западен дел на Германија и се протега во делови на три сојузни покраини: Хесен, Рајнска област-Пфалц и Баварија, како и градовите Франкфурт на Мајна, Висбаден, Офенбах, Мајнц, Дармштат и Ашафенбург.

Полицентричниот регион е именуван по неговиот средишен град Франкфурт на Мајна и двете реки Рајна и Мајна. Областа Франкфурт Рајна-Мајна официјално е означена како европски метролитенски регион од германското сојузно министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи и зафаќа површина од околу 13.000 квадратни километри.

Поделби[уреди]

Рајна-Мајна е полицентричен метрополитенски регион, но економската големина и политичката тежина на градот Франкфурт го поставува во многу моноцентричен однос со нејзиниот поширок појас. Од почетокот на 1970-тите, метрополитенската област Франкфурт на Мајна германски: Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main) е дефинирана како област, која ги опфаќа градовите Франкфурт и Офенбах и нивните непосредни соседни окрузи. Административниот округ Дармштат на покраината Хесен може да се гледа како на следна административна поделба, кој што лежи целосно во метрополитенскиот регион и понатаму ги вклучува градовите Дармштат и Висбаден и голем број на поголеми окрузи. На следното ниво, метрополитенскиот регион исто така ги вклучува градовите и окрузите на Мајнц и Ашафенбург во двете погранични сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Баварија.

Метрополитенска област/Метрополитенски регион[уреди]

Хиерархија на планските тела Поголеми градови Површина Население
Франкфурт на Мајна 248 км² 670.095
+ Офенбах на Мајна 45 км² 118.245
Франкфурт на Мајна метрополитенска област[2] 4.305 км² 2.517.561
+ Висбаден 204 км² 275.489
+ Дармштат 122 км² 142.191
Административен округ Дармштат 7.445 км² 3.778.689
+ Мајнц 98 км² 196.784
+ Ашафенбург 63 км² 68.646
метрополитенски регион Франкфурт/Рајна-Мајна 14.800 км² 5.800.000


Поголеми урбани зони[уреди]

Евростат Urban Audit го дели регионот Франкфурт/Рајна-Мајна во четири поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие четири урбани зони се исклучуваат од бројот на окрузи во метрополитенската област.

Поголеми урбани зони Поголеми градови Површина Население
поголема урбана зона Франкфурт на Мајна[3][4][5] 4.305 км² 2.517.561
Франкфурт на Мајна 248 км² 670.095
Офенбах на Мајна 45 км² 118.245
поголема урбана зона Висбаден[6][7] 1.015 км² 459.633
Висбаден 204 км² 275.489
поголема урбана зона Дармштат[8][9] 781 км² 430.993
Дармштат 122 км² 142.191
поголема урбана зона Мајнц[10][11] 704 км² 386.173
Мајнц 98 км² 196.784
Франкфурт/Рајна-Мајна 6.805 км² 3.794.360


Градови и окрузи[уреди]

Град или округ Површина Население
Франкфурт на Мајна
Франкфурт
248 км² 670.095
Офенбах на Мајна
Пристаништето во Офенбах
45 км² 118.245
Офенбах (округ)
Аеродром Франкфурт
356 км² 337.986
Мајна-Кинцих (округ)
Изгрејсонце во округот Мајна-Кинцих
1.398 км² 407.022
Ветерау
Лорберг
122 км² 142.191
Горен Таунус
Бад Хомбург
482 км² 226.290
Мајна-Таунус
222 км² 226.467
Дармштат
Дармштат
122 км² 142.191
Дармштат-Дибург (округ)
Дармштат
659 км² 289.102
Грос-Герау (округ)
Риселсхајм
453,05 км² 253.502
Висбаден
Визбаден
204 км² 275.489
Рајнгау-Таунус
Ридесхајм на Рајна
98 км² 196.784
Вкупно Хесен 7.445 км² 3.778.689
Град или округ Површина Население
Мајнц
Мајнц
98 км² 196.784
Мајнц-Бинген
Бинген на Рајна
606 км² 201.451
Вормс
109 км² 81.784
Алцој-Вормс (округ)
588 км² 124.758
Вкупно Рајнска област-Пфалц 1.405 км² 604.777
Ашафебург
Ашафенбург
63 км² 68.646
Ашафенбург (округ)
699 км² 173.946
Милтенберг (округ)
Милтенберг
716 км² 130.009
Вкупно Баварија 1.478 km² 372.601
Франкфурт/Рајна-Мајна
метрополитенски регион
14.800 км² 5.800.000
Франкфурт е најважниот град во областа Рајна-Мајна
Стариот град на Мајнц
Замок Јоханисбург во Ашафенбург
Германска куќа на Голдсмит (German: Deutsches Goldschmiedehaus) во Ханау (старата градска куќа)

Сообраќај[уреди]

Растот на оваа област главно може да се бара во поволните комуникации, кои ги промовира раната индустријализација. Меѓутоа, денес, значењето на индустриското учество во голема мера се заменува со банкарство, трговија и логистика. Франкфурт лежи во населената Сина банана, која поминува покрај долината на Рајна и градот е отскочна штица од и до одредени делови на Швајцарија и јужна Германија. Рајна-Рур е достапна за еден час патување брзата железничка линија Келн-Франкфурт и воздушната линија Франкфурт-Берлин е најпрометната во германскиот домашен воздушен сообраќај.

Меѓународниот аеродром Франкфурт е најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија и еден од трите најпрометни аеродроми во Европа. Притоа, заедно со силните железнички врски, исто така, служи како главен транспортен центар.

Образование[уреди]

Метрополитенскиот регион Франкфурт/Рајна-Мајан е дом на пет универзитети и повеќе од 20 делумно постдипломски колеџи, со вкупно над 200.000 студенти. Најголемиот универзитет е Универзитетот Франкфурт, а најстариот е Универзитетот Мајнц (Универзитет Мајнц-Јоханес Гутенберг), првично основан во 1477 година. Други универзитети се:

Познати високи школи и универзитети за применети науки (Fachhochschulen) се:

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]