Разговор со корисник:SmartM&M/Архива5

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Добредојдовте на разговорната страница со Макс.

Во врска со наградата[уреди извор]

Фала многу за наградата, навистина многу ми значи:)))). Исто така фала многу за шаблоните за државите, и да ти се пофалам и јас го направив првиот шаблон за Габон, така да нема повеќе да те гњавам за тоа, ама не се опуштај многу, сигурно ќе најдам некоја причина за да гњавам, хехехе. Голем поздрав и фала уште еднаш:). --MrBones (разговор) 21:48, 9 август 2009 (UTC)

Нема на што за наградата, а што се однесува до гњавењето, не си во право, не ми пречиш воопшто! Уживај и поздрав! :) --Макс(разговор) 11:32, 10 август 2009 (UTC)

За номинирање на статија[уреди извор]

Здраво, сакав да те прашам дали може јас на пример да номинирам некоја од статиите што сум ги направил (во случајов зборам за Дида или пак за Херберт Килпин која што е поголема од било која статија за човеков на сите википедии) или пак треба некој друг да ги номинира. Исто така не знам дали се номинираат и статии за живи луѓе или пак статии во област на спортот. Па пиши ми. Поздрав --MrBones (разговор) 09:14, 17 август 2009 (UTC)

Еј, здраво :) Вака можеш слободно да номинираш, секој автопотврден корисник може да номинира статија. Што значи дека можеш, самото тоа што си веќе подолго време овде, ти укажува дека слободно можеш да си номинираш. Исто така смееш каква било статија, жива личност, биографија, статија од областта на спортот и сл. Сè што сакаш номинирај. Следи ги упатствата и номинирај си. Ќе ти објаснев чекор по чекор или пак јас лично ќе ти номинирав ама оставам на тебе да се научиш :) Е сега има посебна секција на статии во избраните статии која вклучува списоци/листи - како на пример, сите земји учеснички на светско првенство, ваквите статии одат во посебна секција, односно не се изложуваат! Но, слободно можеш да ги номинираш. И за крај би те посоветувал да ги видиш критериумите за избрана статија, кога статијата која сакаш да ја номинираш ги исполнува сите точки тогаш номинирај ја, во спротивно сигурно ќе се гласа против, нешто што не ти треба верувај ми ;) Значи како другар и како википедијанец те советувам да ги средиш двете горе предложени статии повеќе пред да ги номинираш. Тоа е сè, слободно прашај ако уште нешто не ти е јасно. :)--Макс(разговор) 10:25, 17 август 2009 (UTC)
Го прочитав тоа и направив промена во воведот затоа што сметав дека има премалку информации, ама добро би ми дошло и туѓо мислење и затоа би те замолил ако сакаш да ја погледнеш статијата за Дида каде што се направени измените, да ми ги кажеш грешките и да ме насочиш ако сакаш на вистинската патека. Поздрав--MrBones (разговор) 11:16, 17 август 2009 (UTC)
Еј, извини што чекаше толку долго, но навистина не можев да ти одговорам. Вака, најпрвин, првиот чекор што јас секогаш го правам е - ја отворам статијата и од горе до доле ја читам. Со тоа читање, ги проверувам сите викиврски односно провери повторно дали можеби ние ја имаме таа статија на Википедијава, потоа секоја печатна грешка поправи ја, сите нелогични реченици преформулирај ги! Тоа е за почеток, ти предложувам да почнеме од таму па понатаму ќе те насочам како треба! Значи ова е најосновниот прв чекор, статијата можам за пола час веднаш да ја средам според критериумите, но оставам на тебе, ако ме слушаш внимателно до вечер статијата ќе може да се номинира, а и ти твојот углед како корисник дефинитивно ќе се зголеми. Што значи направи го тоа што ти реков, и не чепкај ништо друго, од мое искуство научив дека треба да си зацрташ на што ќе работиш и да не фатиш ништо друго, а не како јас што правев, ќе речам дека ќе поправам грешки, а јас се фатив за инфокутијата, и цел ден го губев. Значи почни вака, јас ќе те пратам како сокол, кога ќе бидеш готов само пиши ми! Поздрав :) --Макс(разговор) 11:10, 21 август 2009 (UTC)
Eј здраво. Јас направив некои промени на Дида и не би знаел веќе што да променам, па ако имаш време погледни ја статијата и ако можеш направи некои промени кај што мислиш дека би можело да се направат. Поздрав.--MrBones (разговор) 14:12, 22 август 2009 (UTC)

Ај провери случајно да не има и микросам академија 7 и 8? Да ти појаснам малку овие 8 корисници всушност се 8 групи составени од 3 или 4 членови. Сите тие се членови на „Микросам Академијата“ односно на „Клубот на талентирани средношколци на микросам“. Како идеа ни беше предложено (од нашиот професор) да ја збогатиме википедиа на македонски јазик, но бидејќи никој до сега не беше член на википедиа не знаеме како навистина би требало да изгледаат статиите (а не ни обрнавме внмание да видиме) и затоа мислам дека треба малку да ни помогните околу тоа а не само критики да читаме од ваша страна. Поздрав Mikrosam Akademija 2 (разговор) 13:23, 18 август 2009 (UTC)

Здраво, навистина ми е жал! Не мислев да бидам толку груб, ако воопшто бев. Но поентата ми беше вие воопшто не ги следите упатствата за работа, едноставно правите што сакате! Тоа не е во ред! И ние не ви даваме критики само совети, и кога ќе го сфатите тоа ќе ви биде полесно! Не даваме критики единствено сакаме да помогнеме и тоа е сè! Мило ми е што некој професор ве поттикнал да работите, но кога веќе почнувате да работите барем работете како што треба. Што значи од сега ти и сите други чувствувајте се слободно да ме прашате мене и секој овде што било, и ве молам да го заборавиме ова засекогаш, да го ставиме зад себе. ;) --Макс(разговор) 11:07, 19 август 2009 (UTC)
Дали ќе сакаш да ни помогнеш малце околу нашата статија конкретно (Џон Бон Џови)?
Дај ни инструкции што треба да промениме што да дополниме и слично за да ги исполнува критериумите.
Mikrosam Akademija 2 (разговор) 11:59, 19 август 2009 (UTC)
Со задоволство би ти помогнал. Но, веќе на твојата страница за разговор ти пишав сè што не чини кај страната. Како и да е, можеш да го разгледаш горниот разговор каде на друг корисник му помагам како да доведе една статија до „совршенство“. Најпрвин, воведот, значи бидејќи е биграфска статија првите зборови се всушност името на личноста - но запомни целото име, веднаш во заграда до него стави го шаблонот {{lang-en|името на англиски}}, ако е француско име наместо -en стави -fr, за шпанско -es, за италијанско -it итн. Веднаш по него во нова заграда ставаш: (роден 1 јануари, 2000)! секогаш ставај запирка, потоа веднаш продолжуваш: е националноста најистакната професија, второстепената професија, професија во која придонел нешто. Пример станува збор за американски глумец, кој има режирано два до три филмови, а воедно и напишал сценарио за еден од тие филмови. Или пак француски пејач, кој претходно работел како текстописец, а можеби и се уште е, и исто така се обидел и во глумата, има снимено два филма. Се разбира можеш да наброиш повеќе професии. Ако станува збор за успешен глумец или пејач веднаш по набројувањето на професиите можеш да допишеш, и добитник на два Оскари, 4 номинации од истите и две за Златен глобус и сл. А уште подобро би било по набројувањето да ставиш запирак и да напишеш, најдобро познат по - улогата во драмската серија таа и таа, најдобро познат по основање на рок бендот тој и тој. Потоа во втората реченица пишуваш најосновни работи за личноста, дали е дел од некој голем проект - хуманитарец, еколог и сл. Потоа пишуваш негови најпознати синглови, број на албуми и во главно тоа е сè. Можеш потоа да додадеш уште еден параграф во кој ќе напишеш ситни податоци за личниот живот. Омажен е со таа и таа, има вакви политички ставови, приодонел за...! Тоа е воведната секција, исто така не заборавај да додадеш и инфокутија, во која ќе има слика, под која ќе има објаснување, во која ќе има датум на раѓање и целно име, место на раѓање, професија, сопружник и сл. Тоа е се! Откако ќе го направиш ова, провери ги сите конвенции за именување. Откако ќе го направиш и тоа, отвори ја целата статија, и од горе до доле поправи ги сите имиња и називи според конвенциите за именување, викифицирај сè што можеш (на твојата статија ти објаснив како да викифицираш) поправи ги печатните грешки, внимавај и на ставањето на литературни зборови, поправи ги нелогичните реченици и во главно тоа е сè! Направи што ти кажав, и дури кога ќе исполниш сè што ти реков ќе можеме да преминеме на следен чекор.

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:05, 24 август 2009 (UTC)

Човечки папилома вирус[уреди извор]

Здраво Макс. Ќе те замолам ако маш време деновиве среди ја статијата која е кандидат за избрана. Јас веќе ги замолив другите барем да ја прочитаат, но никој не го стори тоа. Статијата е преполна со непреведени изрази и грешки, па мислам дека оваа статија, иако е долга не заслужува да биде без шаблонот внимание, а не па да биде избрана. Јас нема да бидам во Скопје и најверојатно нема да имам пристап на Интернет. Инаку, веќе објавив статија на Главната страница, за идната недела, а тоа е статијата Галија (брод), па така Главната страница е заштитена од евентуалната појава на извадок од оваа статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:33, 27 август 2009 (UTC)

Еј, не ми претставува никаков проблем на мене веднаш би ја средил. Значи ја видов поракава пред неколку денови, но пред да ти одговорев сакав да ја средам прво па потоа да ти пишам. Вака, значи целата статија во главно нема печатни грешки, да не речам воопшто, но затоа има многу непреведини поими (вакцини, институции и други стручни поими) за кои не знам дали треба да бидат така или не. Исто така поимите од типот Пап-тест, Пап-брис, HPV-тестирање и останати слични поими ми претставуваа проблем во смисол, не знаев дали воопшто така се пишуваат, прво дали се пишуваат со голема буква на секое место, дали со цртичка и сл. Што значи, да не должам многу направив мали измени колку што можев, но ако сакаме статијава да биде избрана мора некој стручен да ја разглед навистина не можам ниту јас ниту ти да направиме ништо повеќе. До вечер можам уште неколку работи да променам, но повторно, што е можно да се поправи од моја страна. Нема гласови против и статијава најверојатно до вечер ќе биде избрана, но среќа го изгласавме правилото да се одземе статусот на една статија ако не заслужува. Поздрав и известиме кога ќе ја примиш поракава. :) --Макс(разговор) 10:04, 29 август 2009 (UTC)

Сирак (како социјален статус) & Сирак (житна култура)[уреди извор]

Здраво! : ) Да, секако дека се сеќавам на тебе : ) Мислам дека подобро е растението да си биде Сирак (житна култура), додека социјалниот статус сирак е почесто употребуван во македонскиот јазик, и затоа треба да си остане како што е. Што значи - сè си направил добро. Поздрав и продолжи со добрата работа! Бојан имаш за кажување? 17:59, 29 август 2009 (UTC)

Фала, многу ми помогна! :) --Макс(разговор) 18:19, 29 август 2009 (UTC)

Презакажана Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека Вики средбата е презакажана за 2 септември, со почеток во 18:00. Се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате. Сепак, без оглед на Вашата одлука, Вашето присуство или отсуство може да го потврдите овде, а може да оставите и дополнителен коментар.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 31 август 2009 (UTC)

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 1 октомври, со почеток во 16:00 ќе се одржи Вики средба, на која Вашето присуство може да го најавите овде.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:19, 26 септември 2009 (UTC)

Се надевам дека ќе можеш да дојдеш.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:09, 27 септември 2009 (UTC)

Re:Векови[уреди извор]

Здраво и од мене, знам дека скоро можеби никога не сме си пишувале, ама еве ти го скрши ледот. Види сега шо ќе ти речам. Јас најискрено многу не ме бидува за правопис... На оваа википедија сум веќе 2.5 години и имам напишано незнам колку статии во кои се употребуваат векови. Јас секогаш користам бројки, како на пример 1 век, 2 век или Категорија:1 век во христијанството и мислам дека така е правилно. Ако има уште нешто слободно пити. Поздрав--Астрион (разговор) 16:25, 23 октомври 2009 (UTC)

Добро, сепак фала :)
Нема проблем, во секое време. Поздрав и пријатна работа--Астрион (разговор) 17:09, 24 октомври 2009 (UTC)

Квидич[уреди извор]

Абе, мислев да ја преименувам статијата квидич во метлобој, за да биде по-македонски. Гледам ти почна да ја правиш таа статија па сакам да те прашам ти што мислиш. -- dav(разговор) 17:33, 13 декември 2009 (UTC) Long time no see! Одамна не сме збореле! Како си! :) Инаку знаеш не е првпат да разговараме за ова, така што знаеш дека секогаш се мачам за тој превод веќе. Исто е со ова, во сите 6 дела е квидич, во кецот освен на некои места по грешка е метлобој, народот вака исто ко метлобој го знае, а и поблиску до оригиналот е... така што! Знаеш џабе ме прашуваш тоа е, не е како ние сакаме туку како е општо познато и прифатено. Не сум фатил сериозно да седнам на Википедија, онака ја отворив таа страна, ама еве иде распуст па еднаш засекогаш ќе се договориме како што ќе биде... --Макс(разговор) 15:09, 15 декември 2009 (UTC)

Здраво Макс. Извини, но морав да го избришам твојот коментар во кандидатурата за статијата Rated R, бидејќи статијата е веќе прогласена за избрана, а со тоа и затворена од понатамошни коментари. Статијата имаше проблем со правописни грешки и несоодветни зборови, но јас ги поправив, а гледам дека додатно е додадена уште една нова секција. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:03, 15 декември 2009 (UTC)

Предновогодишна Вики средба[уреди извор]

Здраво. Сакам да Ве известам дека во вторник, 29 декември 2009 во Скопје ќе се одржи Вики средба на која ќе бидат разгледани случувањата во 2009 и ќе се изнесат сите коментари, предлози и очекувања во новата 2010. Доколку сте заинтересирани да присуствувате, Вашето присуство може да го потврдите на соодветната страницата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:30, 25 декември 2009 (UTC)

Патролирање[уреди извор]

Еве јас да се умешам па ќе ти дадам линк. Види ова, тоа е патролирање и статијата не е патролирана затоа ти се појавува тоа, нема врска со новиот стил. Поз--Никола Стоіаноски 19:11, 5 јуни 2010 (CEST)[одговори]

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

Номинација за оценувач[уреди извор]

Здраво Макс. Штотуку Ве номинирав за оценувач. Кандидатурата може да ја прифатите на соодветната страница. Многу успех и поголема активност во иднина.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:39, 10 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Со оглед на тоа дека Вики-заедницата е многу построга кон корисниците во последно време, што се огледа преку кандидатурите за администратор кои беа одбиени. Веројатна причина за таквото нешто е сповремената активност на корисниците. Поради тоа, мислам дека постанувањето оценувач како преоден чекор кон станувањето администратор ќе биде корисно и за утврдувањето на критериумите за номинирање на корисник за администратор, како и за следење на активноста на корисникот како оценувач за донесување на заклучок дали може да стане активен администратор. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:49, 10 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Кандидатурата содржи неколку прашања кои мора да бидат одговорени. Ќе те замолам ако може што е можно поскоро да ги пополниш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:54, 10 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:27, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Честитки[уреди извор]

Здраво Макс. Твојата кандидатура за барање оценувачки права е успешна и во секој миг ќе станеш оценувач. Честитки од мене и ти пожелувам многу успешни уредувања и поголема активност во иднина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:55, 17 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Оценувачки алатки[уреди извор]

Здраво Макс. Разлика меѓу обичен уредувач и оценувач постои и не е толку незначителна како што изгледа на прв поглед. Забележав дека си запознаен со улогата на кутијата во долнит дел и ознаките за одобрување на корисничките уредувања, па мислам дека нема да биде сложено да ти објаснам. Имено, по секое корисничко уредување, прмената во статијата не му е достапна веднаш на читателот на статијата, бидејќи е означена како „промена во исчекување“. Со тоа, груб вандализам не може да се појави пред читателот на статијата, сè додека уредувањето не биде одобрено. Одобрувањето, како што знаеш го вршат оценувачите, па оттаму и потребата оценувач да биде искусен корисник кој има за цел да може да ги потврдува уредувањата на корисниците, означувајќи ги како добри, одлични или несоодветни. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:02, 28 октомври 2010 (CEST)[одговори]

И јас го имам истиот проблем со објавите на врвот од екранот. Сигурно си стиснал на опцијата „сокриј“ во горниот десен агол, со што ти се отстранила пораката. Доколку сакаш да дознаеш што се случува и кои се најновите објави, избери ја директно страницата за објава. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:25, 28 октомври 2010 (CEST)[одговори]

10 години Википедија[уреди извор]

      Здраво, SmartM&M/Архива5!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:08, 13 јануари 2011 (CET)[одговори]

Шагринска кожа[уреди извор]

Здраво Макс. Постојано следев како ја надополнуваш статијата и навистина го ценам тоа. Планирав на неколку наврати да ја кандидирам, но ти ме претркуваше со нови надополнувања и подобрувања. Во последно време, повеќе работам околу мотивирање на сите корисници да уредуваат статии кои ќе станат избрани. Така на пример, започнав со доделување на еден вид награди за корисниците кои имаат придонес во врска со најновите избрани статии, во кои се наведува придонесот на односниот корисник (на пример види на страницата за разговор со корисникот Ajta). Со ова, се надевам дека правилно ќе се вреднува трудот на секој и ќе се оддава мал знак на внимание кон сите значајни придонеси. Во секој случај, можам да ја отповикам кандидатурата и ти да ја предложиш ако сакаш. Со тоа, доколку канндидатурата биде успешна, дополнително ќе биде наведено и дека си ја номинирал статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:27, 10 март 2011 (CET)[одговори]

Шагринска кожа[уреди извор]

Статијата Шагринска кожа, која Вие ја проширивте го доби статусот „избрана статија“. Ве повикуваме да напишете некоја друга статија, а доколку веќе знаете некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа! Ова не е ништо во поглед на вложениот труд.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:49, 13 март 2011 (CET)[одговори]

Ха ха, одлично! Фала за се... :) Ја очекувам на насловна во идно време, хахаха! Поздрав ;)
Забележувам дека нема некоја симболика некој од датмите од следната седмица со некоја од останатите статии за објавување, па ќе ја објавам за од понеделник. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:37, 17 март 2011 (CET)[одговори]

Баш ми е мило што има уште некој што ја гледа оваа серија. Инаку планирав да ја проширам статијата, па ќе видиме. Патем, како фан на серијата, веќе ги имам сите епизоди од Фринџ, добра серија е :) Позз--Никола Стоіаноски 22:41, 29 март 2011 (CEST)[одговори]

Има уште една нова серија, исто така од сличен каралтер, се вика The Event. Почнав да ја гледам, одлична е, но за мене Фринџ е Фринџ :) --Никола Стоіаноски 22:44, 29 март 2011 (CEST)[одговори]

Македонски Идол (1 сезона)[уреди извор]

Уживај брате, слободно можеш да ја преведеш, не се лутам хехе. Туку треба да ја допишам, нешто во последно време бев зафатен, па последните гали ги нема, но ќе ги допишам, а ти преведувај слободно. Мене ме нервира што на македонската википедија нема ниедна врска (односно страница) за песните, па би испаднала целата црвена, со исклучоци :P. Поздрав Tомица1111 (разговор)

Покана за Вики средба[уреди извор]

      Здраво, SmartM&M/Архива5!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:29, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:38, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Прашање![уреди извор]

Здраво Макс!

Во страницата создадена за кандидатството на статијата „Лара Крофт“ за избрана статија споменувате дека зборот „ограбувачка“ го нема во нашиот јазик, па веројатно затоа како таков секакво негово користење е грешно и непотребно. Ако е така, ќе ве замолам да ми кажете и насочите, бидејќи правилното пишување и говорење ми се многу важни. Пред сè, сакам да не ме осудувате толку брзо бидејќи навистина многу се трудев да се приспособам на критериумите на Википедија. Вие со Вашата критика, можам слободно да кажам, само ме оттргнавте од желбата да напишам нова или да учествувам во пишувањето на некоја постоечка статија на македонската Википедија, којашто би можела да ја има секоја помош што ѝ се пружа. Секако, можеби имате статии со одлични квалитети, ама дека правите новите членови да се чувствуваат добредојдено и удобно, тоа сигурно не. Барем, можам да го кажам ова од мојава гледна точка. Никако немојте да мислите дека Вашиот исказ сум го сфатил лично, ниту пак дека ова е напишано од лутина и неприфаќање. Сепак, ова е само моето лично мислење.

Сè убаво,

--Иван Кичуков 00:41, 21 ноември 2011 (CET).[одговори]

Гласање за јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:30, 11 декември 2011 (CET)[одговори]

Седмична работа[уреди извор]

Здраво Макс. Иако подолго време не си активен на Википедија, знаејќи го твојот став кон многу работи во врска со Википедија, решив токму тебе да ти се обратам околу воведувањето на работа на седмицата на Википедија на македонски јазик. Проектот би требало да започне на почетокот од 2012 и има за цел да се поврзе трудот на повеќе корисници, кои во рок од една седмица се очекува да работат на дадена тема, со цел да ги постигнат претходно зацртаните цели. Се надевам дека ќе ти се допадне и очекувам доколку можеш поактивно да се вклучиш. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:08, 20 декември 2011 (CET)[одговори]

Статии за уредување[уреди извор]

Здраво Макс. Ме интересира дали си заинтересиран да продолжиш со уредувањето на Википедија на македонски јазик. Знам дека Википедија не е за никого иедална, но барем постои можност да се прилагодиме на сето она ѓто се случува на неа. Се сеќавам дека твоите последни уредувања беа за книги од француски писатели од времето на романтизмот, па би сакал да ти предложам да се направи еден проект во рамките на кои ќе се стремиме да го зголемиме бројот на статии за познатите книжевни дела. Те молам одговори штом прочиташ. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:56, 28 декември 2011 (CET)[одговори]

Јубилејна статија (55.000)[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:24, 20 март 2012 (CET)[одговори]

56.000 статии[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:11, 5 јуни 2012 (CEST)[одговори]