Разговор со корисник:Dav

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија



TALK TO ME!

прашања, пофалби, и критики

ГЛАВНАРАЗГОВОРПРИДОНЕСИЗАДАЧИASCII


Дав, те молам те чекам речиси цела недела да се уклучиш. Мораме да разговараме, уклучи се на МЅN! Мораме да разговарме! Поздрав! --Макс(разговор) 18:14, 10 јули 2009 (UTC)

Не ми работеше мсн-то, пробував да се логирам, ми даваше некој си траблшут. Сега си го сменив пасвордот, и успеав да логирам -- dav(разговор) 04:12, 12 јули 2009 (UTC)

Викимедија Македонија[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:26, 10 август 2009 (UTC)

Здраво, Dav. Ќе Ве замолам ако може после секоја новоуредена статија, на страницата за разговор да го додавате шаблонот страница за разговор (Видете го насловот на оваа секција). Со, тоа поставувате стандарди и правила, кои треба да се почитуваат при водењето на дискусија на страницата. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:36, 11 август 2009 (UTC)

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:07, 24 август 2009 (UTC)

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 1 октомври, со почеток во 16:00 ќе се одржи Вики средба, на која Вашето присуство може да го најавите овде.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:19, 26 септември 2009 (UTC)

Наводи наместо референци[уреди извор]

Здраво Дав. Колку што мене ми е познато терминот Наводи многу ретко се користи за да се означува она што на македонски најчесто се нарекува Литература или Референци. Не ме сфаќај погрешно. Гледам и други ги прават тие промени, но најчесто користените норми се овие две кои ти ги посочив. Пријатна забава и поздрав, --Wikimk (разговор) 16:35, 17 декември 2009 (UTC)

Забележав дека brest-bot го поправа референци во наводи, и дека го смета зборот референци како англиски збор (види овде), па јас земав да му ја олеснам работата. Зборовите што ти ми ги посочи не одговараат, бидејќи Литература треба да се пишува ако се прочита нешто од некоја книга, а не од некоја интернет страница каде што не мора да значи дека тоа е литература, а референци како што кажав се смета како англиски (незнам дали може да се користи во македонскиот јазик, но така прочитав). Единствено го пронајдов зборот Извори во некои статии, но мислам дека меѓу извори и наводи, наводи повеќе одговара. Засега нема да ги менувам референците во наводи додека не слушнам друго мислење. Поздрав. -- dav(разговор) 19:14, 17 декември 2009 (UTC)
Колку што јас можев да видам, мислам и Бојан користи наводи, па ми седи како корисен збор иако не се користи многу. Јас ги користам двете, но сепак ботот ќе го смени :) Поз--Никола Стоіаноски 16:17, 20 декември 2009 (UTC)
И сега јас да ги променувам референци во наводи или не? Знам дека ботот ќе промени, но прочитав дека тој делува само на поголемите статии а не на сите. -- dav(разговор) 17:07, 20 декември 2009 (UTC)
Извинете што се мешам, но за ова веќе имаме разговарано. И Давид е во право, користиме наводи, но воопшто не е грешно ако пишеме и референци. Бојан (или некој друг беше) видов дека ги сменил референците во наводи на една статија на која јас работев и уште од тогаш прашав што сите мислите. Сите се согласивме да биде наводи но и дека не е погрешно референци. И како секој дискусија таа дискусија не беше баш доврешна но Брест кажа дека на ботот ќе му нареди да ги промени сите референци во наводи. А литература не е сосема трето нешто и тоа е тука, но сепак не го користиме тоа. Затоа корисникот ВикиМк следниот пат нека си провери убаво што и како имаме разговарано па подоцна нека каже што мисли, а дури потоа да опоменува корисници. ПОздрав и се најубаво :) --Макс(разговор) 17:24, 20 декември 2009 (UTC)
А останатите корисници да не разговараат со „висок тон“. Поздрав :) --Никола Стоіаноски 17:27, 20 декември 2009 (UTC)
Здраво Макс и dav.
Сосема случајно забележав дека за овој мој коментар се развила дискусија па сметам дека требам да го кажам своето мислење. Не се сеќавам на дискусијата со Брест. Sorry. Сепак не можам да се сложам дека зборвите наводи од една страна и реферецни (односно литература) од друга имаат исто значење.
За да пренесете во некој текст навод (или како што уште се вика цитат) не ви треба посочување на изворот на информација (книга, статија и сл.). Наводите може да се општо познати работи и нив треба само да ги ставите (како што и самиот поим вели) во наводници, а потоа евентуално може да го додадете изворот од каде наводот е преземен.
Зборовите литература и референци во смисол во кој се користат овде имаат значење на посочување на оригиналниот извор на информации, а за да го посочите треба да го имате видено/прочитано. При тоа пренесената информација не мора да биде навод. Овие работи се дел од Напатствијата на македонската Википедија. Сепак, секој од нас може да пропушти некоја дискусија или напатствие. Па се надевам дека Макс ќе ми прости што не сум го прочитал разговорот во кој Брест побарал совет за таа работа. На крајот на краиштата сите тука сме волонтери, па не е страшно доколку погрешиме или пропуштиме нешто. :-)
Во секој случај, најретко користената варијанта во македонскиот јазик за поимот кои се користи за презентирање на изворите на информации e варијантата со која таа работа се означува со зборот наводи.
Поздрав и пријатна забава. --Wikimk (разговор) 18:37, 20 декември 2009 (UTC)

Предновогодишна Вики средба[уреди извор]

Здраво. Сакам да Ве известам дека во вторник, 29 декември 2009 во Скопје ќе се одржи Вики средба на која ќе бидат разгледани случувањата во 2009 и ќе се изнесат сите коментари, предлози и очекувања во новата 2010. Доколку сте заинтересирани да присуствувате, Вашето присуство може да го потврдите на соодветната страницата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:30, 25 декември 2009 (UTC)

Филмови[уреди извор]

Здраво. Како е? Јас додафдов филмографија за Рене Зелвегер ама не ги преведов на македонски имињата на филмовите бидејќи не знам кои ги имаме а кои не па да видам за точен превод на македонски. Мислам дека ти правеше статии за филмови (ако не се лажам) па преведи некои наслови ако имаме на македонски. Мое мислење е да стојат во оригинал, ама ако сме почнале со превод од поодамна така и нека си се. Поздрав--Никола Стоіаноски 18:46, 3 април 2010 (UTC)

„GTA soundtrack“ на македонски е „саундтрак на GTA“. Исто како на пр. game review - „рецензија на игрa“, а не „игра рецензија“. Поздрав. —iNkubusse A? 02:42, 7 јули 2010 (CEST)[одговори]

Брзо бришење на Mafia.mk[уреди извор]

Поставена е ознака на Mafia.mk со која се бара да биде избришана од Википедија по брза постапка. Тоа е направено заради следнава причина:
ВП:КББ#СТ3 — Статија за вистинско лице, организација (бенд, клуб, компанија итн.), веб-содржина и слично која не индицира зошто темата е важна или позната

Под критериумите за брзо бришење, статиите кои не ги исполнуваат основните стандарди на Википедија можат да бидат избришани во секое време. Ако можете да покажете зошто е статијата или содржината соодветна, можете да го предизвикате бришењето. За да го направите тоа, додадете {{ејпочекај}} на врвот на страницата и оставете објаснување на страницата за разговор на содржината во кое ја прикажувате Вашата позиција. Ве молиме самите да не ја отстранувате ознаката за бришење, но не се двоумете да додадете информации кои ќе ја подобрат важноста на темата и ќе овозможат содржината да е исправна во однос на нашите стандарди. Доколку имате било какви прашања, консултирајте се со Википедија:Прашања за да утврдите каде да го поставите. Благодарам за Вашето разбирање, --Brainmachine (разговор) 22:56, 10 јули 2010 (CEST)[одговори]


Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:51, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

Македонскиот јазик, фала му на бога е богат со зборови и зборови ;) --Р ашо 01:55, 28 август 2010 (CEST)[одговори]

Како што пишува таму во линковите Ролја=Улога, а улога мислам дека поубаво звучи и е поприфатливо бидејќи повеќето од македонската младина (вклучувајќи ме и мене) незнаат што е ролја. Иначе се извинувам за реакцијата, бидејќи мислев дека ролја е збор со српско/хрватско потекло. -- dav(разговор) 12:25, 28 август 2010 (CEST)[одговори]
Нема проблем. Се мислев за улога, но некако ми звучеше „дежа ву“. Мислам дека подобро е лик или нешто слично.--Р ашо 12:32, 28 август 2010 (CEST)[одговори]

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:28, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

10 години Википедија[уреди извор]

      Здраво, Dav!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:08, 13 јануари 2011 (CET)[одговори]

Покана за Вики средба[уреди извор]

      Здраво, Dav!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:30, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:39, 2 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Гласање за јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:31, 11 декември 2011 (CET)[одговори]

56.000 статии[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:12, 5 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Солидарност кон Википедија на руски јазик[уреди извор]

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:07, 10 јули 2012 (CEST)[одговори]

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“[уреди извор]

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија[уреди извор]

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)[одговори]

Уредувачки натпревар за вулкани[уреди извор]

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)[одговори]

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има[уреди извор]

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)[одговори]

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018[уреди извор]

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)[одговори]

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија[уреди извор]

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)[одговори]

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019[уреди извор]

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот[уреди извор]

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)[одговори]

Нов уредувачки натпревар[уреди извор]

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)[одговори]

Ракомет[уреди извор]

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)[одговори]

Земи учество во СИЕ Пролет 2021[уреди извор]

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)[одговори]