Разговор со корисник:Raso mk
| Архиви |
| 1 2 3 4 5 6 7 8 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
(mk · en · es) |
|
|
|
|
|
|
|
|
||||||
|
|
||||||
[уреди] Џамија во ССЧ
Ти благодарам Рашо. Се трудев да ја обработам темата колку што е можно подетално, а свесен бев дека фотографиите ќе бидат најголем проблем. Има навистина многу добри, но за жал не се слободни и би било одлично доколку добиеме право да ги користиме. Знам дека Arwena одржува тури низ чаршијата, па ќе ја замолам доколку може да нѝ помогне. Инаку, ќе те замолам да ми посочиш уште еднаш за која џамија се однесува, бидејќи не можам да забележам на мојата страница за разговор. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:18, 10 февруари 2012 (CET)
- Да, дефинитивно. Оваа џамија некогаш била дел од самата чаршија и ќе ја додадам. Друга работа која ме интересира и би сакал да ја вметнам, иако се наоѓа во близина на чаршијата е црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Се споменува и во историјата на чаршијата дека некогаш и на нејзиниот простор бил проширен трговскиот дел од градот, па проади тоа сметам дека треба да се додаде. Ти што мислиш? Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:42, 11 февруари 2012 (CET)
- Султан-муратовата џамија, Саат-кулата и Иса-беговата џамија ги додадов, бидејќи на псросторот на којшто се наоѓаат се наоѓал манастир кој организирал панаѓур на просторот на Бит-пазар, па всушност на тој начин и настанала чаршијата. Освен тоа, во нејзините денешни граници, чаршијата е некако отсечена со булеварите Гоце Делчев и Крсте Мисирков. Чаршијата така како што е позната денес образувала целина со ридот на кој се наоѓа Султан-муратовата џамија, а од нејзината јужна страна започнувала од Камениот мост и на почетокот на 20. век дури делумно се наоѓала и на десниот брег на Вардар. За калето, неговиот источен дел се наоѓал во чаршијата, па затоа е и вклучено. Значи, во некоја поширока целина, од постоечките градби би можеле да ги вклучиме црквата „Св. Богородица“ и џамиите Јаја-паша и Хатанџук (иако мислам дека немаат некое значење во врска со џамијата), додека од разрушените треба да се направи цел список и да се размисли кои треба да се вклучат, а кои не. Ќе ја прашам и Василка ако може да ни помогне. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:17, 11 февруари 2012 (CET)
- Од она што сѐ уште постои како факти, а било во рамките на стариот град на Скопје во статијата треба да се додадат: Еврејското маало, Шенѓул амамот и Скопското кулие. Кога веќе се вклучени 2 музеја во статијата, тогаш можеби треба да се размисли да се вклучат и новите музеи покрај Вардар, а ако сте одлучиле да ја додадете црквата Св. Богородица, тогаш тука се и зградата на новата Филхармонија, како и на МОБ. Тоа повлекува дека треба да се напише нешто и за Пајко Маало во кое сите тие егзистирале. Од некои стари религиозни и профани објекти, особено од отоманската архитектура, останати се одредени архитектонски остатоци во овој дел од градот, а постојат историски засписи за уште стотици такви. Она што го знаеме денеска како Стара Скопска чаршија има една територијална граница, но со додавањето на објекти надвор од неа повеќе реферирате на локацијата на она што некогаш било старо Скопје во одредена временска делница. Треба да одлучите во кој правец би се одвивало понатамошното разгранување на статијата, дали треба да се подели можеби во две или повеќе статии кои би биле насловени како Скопје во 15 век, Скопје во 16 век итн.-- (Arwena (разговор) 18:04, 11 февруари 2012 (CET))
- Благодарам за помошта. Статијата се однесува на Старата скопска чаршија, земјаќи ја предвид нејзината големина низ различни историски периоди и она што се наоѓало во неа. Доколку на пример црквата „Св. Богородица“ никогаш не се сметала за дел од чаршијата по било која дефиниција, тогаш нема да биде додадена. Истото се однесува и за другите знаменитости. Оние коишто сега се во статијата се додавани врз основа на оваа страница, која мислам дека дава барем најмалку точен преглед на сето она што било дел од чаршијата. Исто така, ме интерсира дали во оваа статија може да се наведе дека тоа е горе-долу исто што и стариот дел од градот или за старо Скопје да се направи посебна статија? Овие две работи често се поистоветуваат, иако мислам дека треба да се прави разлика.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:33, 11 февруари 2012 (CET)
- Јас не би се сложил со тоа дека старо Скопје и чаршијата горе-долу се исто. Бидејќи старо Скопје опфаќало многу повеќе од тоа што е чаршијата. Тоа биле неколку маала од другата страна на Вардар, па и други маала како Чаир, Топаана, кои не се дел од чаршијата.--Р ашо
22:38, 11 февруари 2012 (CET)
- Се сложувам дека старо Скопје и Старата скопска чаршија се две различни работи, иако градот во голем дел од историјата го инкорпорира во себе ова архитектонско јадро. Моето мислење е сепак дека треба да се задржиме на она што е денеска Старата скопска чаршија со територијалните граници и спомениците кои реално постојат. А потоа може да пресликуваме и подигнуваме други комплементарни статии, кои ќе опфаќаат временски и територијални граници. (Arwena (разговор) 10:33, 12 февруари 2012 (CET))
- ОК. Василка, дали се сложуваш со дефиницијата за границите на чаршијата кои се напишани во статијата? Јас мислам дека треба само точно да се потенцира од и до каде е чаршијата и да се задржиме само во тие рамки.--Р ашо
10:36, 12 февруари 2012 (CET)
-
- Знаменитостите кои моментно ги содржи статијата ги додадав, водејќи се по следниве страници: [1], [2] и [3]. Мислам дека е добро тие и да си останат, додека други постоечки објекти и не мора да додаваме. Единствено треба да ја додадеме џамијата Дуќанџик, бидејќи изворите наведуваат дека се наоѓала на периферијата на чаршијата. Следни работи кои треба да се потрудиме да ги средиме се:
- додавање на податоци во врска со објектите кои повеќе не постојат, за што веќе прочитав неколку предлози;
- проширување на делот за граници и административна поделба со употребна бројка за површината (во Законот за чаршијата на пример површината е запишана во хектари, ари и m2, што е несоодветно), вкупниот број на улици во чаршијата и по некој збор за најпознатите и имињата на маалата;
- обезбедување на повеќе и поквалитетни слики.
- Знаменитостите кои моментно ги содржи статијата ги додадав, водејќи се по следниве страници: [1], [2] и [3]. Мислам дека е добро тие и да си останат, додека други постоечки објекти и не мора да додаваме. Единствено треба да ја додадеме џамијата Дуќанџик, бидејќи изворите наведуваат дека се наоѓала на периферијата на чаршијата. Следни работи кои треба да се потрудиме да ги средиме се:
-
-
-
- Што се однесува до создавање на поврзани статии, уште на почетокот размислував и за создавање на одделна статија за историјата на чаршијата, но сепак се одлучив да ја оставам во самата статија. Потоа, создадов шаблон за чаршијата, во кој се подредени знаменитостите и понатаму би можел да се збогатува со повеќе врски кон други статии. Можеби е добро да се направи и список на знаменитости. Дискусијава веќе би можеле да ја префрлиме и на страницата за разговор на статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:39, 12 февруари 2012 (CET)
-
- Во закон за прогласувње на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење од Службен весник, јасно се наведени границите. Значи да одиме по нив, и нема да има никакви дилеми.--Р ашо
15:10, 12 февруари 2012 (CET)
[уреди] „Пф“ во германскиот јазик
Здраво, мојот повод за пишување тука, е преместувањето на статијата Пфафрода, сега преименувана во Фафрода. Подолго време пишувам за Германија, а имам и солидно познавање на германскиот јазик, па така отсекогаш сум пишувал „Пф“, а не Ф во овие случаи. Воедно, ваков е случајот и со останатите кирилични википедии, во овој случај српската и руската, кои истата статија ја имаат именувана како Пфафрода, а не Фафрода. Па дури и во изговарањето, тоа „П“ се изговара, не се пропушта како во други случаи. Се транскрибира со Ф, единствено кога имаме „Ph“, а не и „Pf“. Знам дека ова прашање не е решено со нашиот правопис, па така би сакал да добијам објаснување, по која основа и од каде е ова правило да се транскрибира само со „Ф“, истовремено занемарувајќи ги останатите википедии, со кои во скоро сите ситуации се согласуваме. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 22:10, 15 февруари 2012 (CET)
- Здраво. Како прво погледнав во соодветната статија, па видов дека нема ништо. Послеми падна на ум како е разговорно. Бидејќи живеам во Германија, знам која е Мишел Фајфер, што е Pfeffer, Pfarrer. Ок, сеа можеби и грешам. Но доколку си сигурен во тоа транскрибирање, извини, и јас ќе си ги вратам уредувањата.--Р ашо
22:34, 15 февруари 2012 (CET)
-
- Здраво, јас дури сега видов дека си пишал одговор на твојата страница, обично проверувам на мојата. Како и да е, не знам точно ни јас што е најдобро, а тоа како е разговорно потполно те сфаќам. Јас го учев германскиот јазик, навистина многу во Македонија, но сепак имам дилема за ова. Но, мојата поента беше дека и останатите кирилични изданија на Википедија, го користат изразот „Пф“, па затоа сметав дека треба и така да се именува и нашата статија. Не знам што е најдобро во овој случај. --Ehrlich91 (разговор) 13:56, 25 февруари 2012 (CET)
-
- Колку што сум учел, pf се чита ф. --Никола Стоіаноски 14:35, 25 февруари 2012 (CET)
- Ќе го замолам Бојан за мислење.--Р ашо
11:00, 26 февруари 2012 (CET)
-
- Здраво, јас дури сега видов дека си пишал одговор на твојата страница, обично проверувам на мојата. Како и да е, не знам точно ни јас што е најдобро, а тоа како е разговорно потполно те сфаќам. Јас го учев германскиот јазик, навистина многу во Македонија, но сепак имам дилема за ова. Но, мојата поента беше дека и останатите кирилични изданија на Википедија, го користат изразот „Пф“, па затоа сметав дека треба и така да се именува и нашата статија. Не знам што е најдобро во овој случај. --Ehrlich91 (разговор) 13:56, 25 февруари 2012 (CET)
[уреди] За Саха
Можеби си во право, но мислам дека на нашиот народ им е попознат како Луис Саха. Пиши ми кога ќе се одлучиш како да стои името и јас ќе ја средам цела статија.(Carshalton (разговор) 08:57, 25 февруари 2012 (CET))
- Ќе замолам и некој друг да се вклучи во дискусијата, па на крајот ќе одлучиме.--Р ашо
11:00, 26 февруари 2012 (CET)
- Бидејќи ова е енциклопедија, ние не се водиме по неправилностите што се произлезени од немарност на новинари и коментатори (освен оние што се многу одамна вкоренети како Сиднеј-Сидни, Глазгов-Глазго и сл). Затоа фудбалерот мора да се вика Луј Саа, според единствениот исправен начин на транскрипција на француските имиња и поими (така е и на другите кирилични јазици). Германскиот поим Pfaffroda се предава како Пфафрода (комбинацијата -pf- секогаш е -пф-, а удвоените букви се пишуваат единечно). Ваков пример имаме кај сојузната покраина Рајнска област-Пфалц (герм. 'Rheinland-Pfalz). Сите вакви прашања најубаво е да се поставуваат на соодветниот дел од Селската чешма, а уште поубаво, да ми се упатуваат директно на мене. Поздрав--Б. Јанкулоски (разговор) 09:12, 27 февруари 2012 (CET)
-
- Како што може да се види тука, буквите се изговараат и како /f/ и како /pf/. Особено на почетокот на зборот pf се изговара како /f/, но не е стандардно правило. Најсигурно е да се прашаат Германците на де вики. --Никола Стоіаноски 09:51, 27 февруари 2012 (CET)
- Јас зборувам за правилото за транскрипција. Тоа не мора да има врска со фактичката реализација на гласовите од страна на мештаните, која секако се разликува од наречје до наречје. Доколку само некои подрачја во земјата го изговараат како „ф“ (или пак некои општествени класи), тогаш е јасно дека мораме да се водиме по литературниот изговор. Б. Јанкулоски (разговор) 09:56, 28 февруари 2012 (CET)
-
-
- Токму во стандардниот јазик има два изговора на pf. Така сум учел, и има примери за ова. Ама, ај нема врска :)--Никола Стоіаноски 10:38, 28 февруари 2012 (CET)
-
-
- Па има врска. Во тој случај треба поединечно да го пронаоѓаме изговорот на зборовите со pf. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:40, 28 февруари 2012 (CET)
- Јас зборувам за правилото за транскрипција. Тоа не мора да има врска со фактичката реализација на гласовите од страна на мештаните, која секако се разликува од наречје до наречје. Доколку само некои подрачја во земјата го изговараат како „ф“ (или пак некои општествени класи), тогаш е јасно дека мораме да се водиме по литературниот изговор. Б. Јанкулоски (разговор) 09:56, 28 февруари 2012 (CET)
- Како што може да се види тука, буквите се изговараат и како /f/ и како /pf/. Особено на почетокот на зборот pf се изговара како /f/, но не е стандардно правило. Најсигурно е да се прашаат Германците на де вики. --Никола Стоіаноски 09:51, 27 февруари 2012 (CET)
[уреди] Покана за Вики средба
На 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:01, 1 март 2012 (CET)
[уреди] Слика од црквата Св. Никола во Охрид
Здраво Рашо! Јас слика од оваа црква прикачив уште во јуни, меѓутоа сега ја барам и ја нема во заедничката ризница. Ќе ја прикачам пак со уште неколку други слики (на подот го има 16-зрачното македонско сонце) да ја личи статијата. Секоја чест што си ја направил. Голем поздрав -- Марио Шаревски - Македонец (разговор) 17:32, 19 март 2012 (CET)
- Фала за советите! Може и да направиме една статија како Список на сите цркви во градот Охрид, колку да стои во Видете Исто Така во статијата за Охрид. Инаку оваа црквава Св. Никола ти е сосема на крајот на Охрид во насока на спортскиот центар Билјанини Извори. Најточната местоположба на црквава тие спроти зградата на Комерцијална Банка и Подружницата на Македонски Шуми „Галичица“. Тука на таа крстосница кај што има трепкачки знак стоп, не може да ја промашиш црквата. Тука во близина ти е адвокатот/уметникот Анастас Дудан и хотелот Royal View. Поздрав! - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 00:07, 21 март 2012 (CET)
-
- Рашо, направив статија за малата средновековна црква Св. Димитриј, што е веднаш до Св. Богородица Перивлепта. Види среди ја и одлучи која слика од трите да стои во инфокутијата. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 00:31, 21 март 2012 (CET)
- Зошто да се лутам, таман работа. Најбитно е да има што поубава слика. Богородица Челница ја имам посетено и сликано, ама само од надвор, внатрешноста за жал не. Ќе прикачам и јас некоја слика колку да има во галеријата. Св. Врачи не сум ја посетил досега, одлична работа ќе сториш ако прикачиш слики од таа црква. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:32, 22 март 2012 (CET)
-
- Рашо, ќе те замолам ако можеш да ги средиш фуснотите-референците на статијата за Битката во Арачиново. Ги има во огромен број и зафаќаат голем простор, јас сум неук за таа работа, а ти имаш одлични познавања и вештини. Ти благодарам многу. Поздрав. - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 01:46, 24 март 2012 (CET)
[уреди] Јубилејна статија (55.000)
Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:19, 20 март 2012 (CET)
[уреди] Пјотр Шелохонов
Thank you, Raso mk, for updating and keeping the article. You are a good Wikipedian! 130.166.33.146 (разговор) 06:14, 28 март 2012 (CEST)
[уреди] ВикиПроект Одржување (ВП:ОД)
(ова е известување за сите администратори и поактивни корисници)
Здраво! Јас ја собрав работата која што треба рутински да се врши за одржување на Википедија и ја поделив во 1)секојдневни, 2)неделни и 3)долгорочни задачи. На ВП:ОД има детален алгоритам којшто секој може да го следи ако сака да се приклучи во работата. Целта ми беше да воведам систематски начин на одржување кој ќе ни помогне правилно да ја фокусираме работата. Овде има врски до страници кои помагаат во одржувањето, плус некои корисни шаблони.
Исто така, за поискусните корисници, го создадов овој многу корисен шаблон: {{Вики-Одржување}} кој ги има собрано сите задачи, врски и шаблони на кратко. Тој шаблон можеш да го ставиш на твојата корисничка страница или некаде во корисничкиот простор за редовно да имаш пристап до овие задачи (види ја документацијата на шаблонот за параметрите).
Поздрав, и се надевам дека ова ќе ни користи и дека ќе ја олесни работата. --Brainmachine (разговор) 16:12, 1 април 2012 (CEST)
[уреди] Синагога Бен Јаков
Одлично Рашо. Со денови не можев да најдам ништо за синагогата, а сега гледам дека си создал содржајна статија. Ќе можеш ли нешто да пронајдеш и за Хаџи-касамовата и џамијата Ибни Пајко? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:06, 1 мај 2012 (CEST)
- Готово. Двете се створени, толку можев да најдам.....Само, добро што пиша, бидејќи се двоумам за синагогата. Таа во суштина би требало да е истата (старата и новата), барем таква е идејата. Но, првата старата синагога се наоѓала во Еврејското маало, додека оваа сега возообновената се наоѓа од другата страна на Вардарот (кај грчка амбасада). Значи имаме две различни градби и две локации. Еврејската заедница ја возобновила, но дали всушност тоа се две различни нешта?--Р ашо
19:46, 1 мај 2012 (CEST)
- Со оглед на тоа дека станува збор за поранешна градба, треба да се мисли на старата. Сепак, не е на домет доколку се спомене дека синагогата е возобновена и во неа се пренесени некои елементи кои можеле да се видат во минатото. Оттаму е и подобро содржината да биде во поднасловот „Поранешни градби“, а не во „Знаменитости“, бидејќи се мисли на објект којшто повеќе не постои.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:57, 1 мај 2012 (CEST)
[уреди] Википедия на македонски език
Искам да ви предупредя, че вие имате изклюително лошо влияние върху македонската версия на Википедия. Вие систематично премахвате промени от много важно значение за истиността на статиите и създавате дезинформация сред читателите на википедия на македонски език. Предлагането на информация изкривена през призмата на личното мнение на човека е грубо нарушаване на човешките права и историческата наука. Настоявам да преразгледате последните си действия и да престанете с изкривяването на историята през вашата политическа, национална или лична оценка. Историята е наука на факти, не на желания. Proudbulgarian (разговор) 12:34, 9 мај 2012 (CEST)
Здраво! Бидејќи ова е Википедија на македонски, ве молиме користете македонски јазик, без разлика на кого се однесуваат коментарите. Ова е така бидејќи разговорите што да се одвиваат треба да бидат разбирливи за поголемиот број на корисници. Ако користењето на друг јазик не може да се избегне, тогаш ве молиме обезбедете соодветен превод на англиски/македонски јазик. Ви благодариме!
Hello! Since this is Wikipedia in Macedonian, please always use Macedonian, regardless of whom you address your comments to. This is so, so that the comments could be comprehensible to the community at large. If the use of another language is unavoidable, please provide a proper translation of the comments in English/Macedonian. Thanks!--~~~~--Р ашо
19:40, 9 мај 2012 (CEST)
[уреди] константин Дејанов
Здраво Рашо. Забележав дека статијата за Константин Дејанов си ја пренасочил кон статијата за Константин XI палеолог, иако станува збор за различми личности. Мислам дека треба содржината на статијата а се врати. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:14, 14 мај 2012 (CEST)
- Водов исти имиња, ист периот и сл., па помислив истата личност е. ОК. сега е добро--Р ашо
11:55, 14 мај 2012 (CEST)
[уреди] Revert
Hi. Concerning this revert, are you sure to keep the current version? Actually I reverted the IP version's because it could be a copyviol, or furthermore, because it has been emptied by templates, interwiki etc.--Frigotoni ...i'm here; 15:26, 21 мај 2012 (CEST)
[уреди] Шакира
Шакира има Либанско Маронитско Католичко потекло од татко. Ти напиша дека во Разговор:Шакира "категоријата со македонско потекло воопшто не е точна. Тоа се глупости. Одговорот лежи ТУКА." Затоа отстранија клюкарската информация.
AlexMacedonSk (разговор) 21:16, 21 мај 2012 (CEST)
- Очигледно дека корисничкито име ти е само марионетка на некој кросвики вандал. Подобро повлечи се, за да не одиме со санкции.--Р ашо
22:05, 21 мај 2012 (CEST)
- Јас не сум вандал за сигурен. Јас немам намера да руша културни вредности овој член. Најверојатно се види дека мојот македонски не е совршен но бидејќи јас сум роден во Австралија што можете да очекувате. (Јас сум половина македонско - мајка и половина либански - татко).
AlexMacedonSk (разговор) 07:04, 22 мај 2012 (CEST)
[уреди] Посредување во спор
Здраво. Ќе замолам доколку е можно посредување во спорот на оваа страница за разговор, во којшто погрешно бев обвинет дека: сум одобрил измена којашто ја има одобрено друг корисник; сум примил порака на Facebook, која што излезе дека била испратена на погрешен профил; и дека мој налогодавач е господинот Љубомир Цуцуловски, што на неколку наврати беше споменато без никакви докази. Освен тоа, на корисникот му ги посочив основните правила на Википедија кои беа прекршени и кои е неопходно да се почитуваат, а за возврат добив дополнителни обвинувања, се разбира, без никакви докази. Сметам дека посредувањето ќе биде од помош и спорот наскоро ќе биде разрешен. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:46, 28 мај 2012 (CEST)