Пчеларка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пчеларка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Модроврани
Фамилија: Пчелојадни
Род: Merops
Вид: Пчеларка
Биномен назив
Merops apiaster
Карл Лине, 1758

Пчеларката (Merops apiaster) е вид птица од фамилија блиска до врапчевидните, од редот на модроврани. Се пари на јужните делови од Европа и на делови од северна Африка и јужна Азија. Таа е птица преселница, селејќи се во тропскиот дел на Африка, Индија и Шри Ланка. Овој вид птица го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Овие видови, како и другите пчеларки, се богато обоени витки птици. Има кафен и жолт горен дел, додека крилата се зелени, а клунот црн. Постигнува должина од 27 до 29 cm, вклучувајки ги двата продолжени пердуви на опашот.

Исхрана[уреди]

Исхрана на пчеларката - женката (напред) ја чека понудата од мажјакот

Ова е птица која живее на отворено во потопли краишта. Како што ни кажува името, пчеларките воглавно јадат инсекти, посебно пчели, оси и стршлени кои ги фаќаат во воздухот, седејќи во своето гнездо. Пред да го изеде своето јадење, пчеларката ја трга боцката, удирајки го инсектот на тврда површина. Јаде околу 250 пчели дневно, но тоа не влијае многу врз популацијата на пчелите, бидејќи изнесува помалку од 1% на пчелите во областа каде живее.[2] Покрај инсектите, се храни и со голем број гуштери и жаби. Според една студија, пчеларките ја пренесуваат храната во нивната телесна тежина многу поефикасно ако се хранат со мешавина од пчели и муви, отколку ако хранат само со пчели или само со муви.

Однесување[уреди]

Пчеларките формираат јата, се парат во колонии во песочни дувла, обично околу речните корита, во почетокот на мај. Тие прават релатвно долг тунел во кој положуваат 5-8 јајца на почетокот од јуни. Заедно, мажјакот и женката се грижат за јајцата кои се испилуваат по 3 недели. Овие птици додека се хранат и парат се многу блиски и поврзани. Кога се додворува, мажјакот ѝ ги дава поголемите инсекти на женката, а самиот тој ги јаде помалите.[3] Мажјаците се претежно моногамни, но се забележани случаи на бигамија.[3] Огласувањето на оваа птица е пријатно карактеристично вибрирање.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]