Пупунец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пупунец
Пупунец на ограда
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Модроврани
Фамилија: Пупунци
Leach, 1820
Род: Пупунец
Linnaeus, 1758
Вид: Пупунец
Биномен назив
Upupa epops
Linnaeus, 1758
Приближна распространетост.
    Гнездење     Постојано живеалиште     Зимување

Пупунец (науч. Upupa epops) — шарена птица што се сеќава ширум Африка и Евроазија, позната по својата карактеристична челенка од перја. Тоа е единствениот постоечки вид од родот пупунец (Upupa) и семејството пупунци (Upupidae). Една вид пупунец од Света Елена е изумрен, а подвидот од Мадагаскар е издигнат во вид. Латинското име, англиското име, како и македонското на оваа птица претставува ономатопејска форма која го имитипа крикот на птиците. Пупунецот го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Мускулите на главата му овозможуваат на пупунецот да го отвори клунот кога е во земјата

Пупунецот има средна големина, со должина од 25-32 см распон на крилјата од 44-48 см. Тежок е 68-89 гр. Видот е карактеристичен со долг, тенок и изострен клун кој е црн со сива основа. Зајакнатата мускулатура на главата му овозможува на клунот да се отвори кога пробива во почвата. Пупунецот има широки и заоблени крилја способни за силен лет; овие крилја се поголеми од северните миграциски подвидови. Пупунецот има карактеристичен лет, кој е сличен на оној на гигантските пеперутки, предизвикано од крилјата кои делумно се затвараат на крајот од секое отчукување. Повикот е обично тросложен ууп-ууп-ууп, што го доведува до своето македонско и научно име, но два и четири слога се исто чести. На Хималаите повикот може да биде смешан со повикот на Хималајската кукавица (Cuculus saturatus), но таа произведува 4 слога.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Пупунецот е широко распространета во Европа, Азија и Северна Африка, Субсахарска Африка и Мадагаскар.[2] Повеќето европски и северноaзиски птици мигрираат во тропските предели во зима.[3] За разлика од африканската популација, кои се постојани жители. Овој вид се забележал во Алјаска;[4] во 1975 во Јукон Делта.[5] Пупунците се множат северно од нивниот европски опсег,[6] и во јужна Англија за време на топлите и сушните лета кои им пружаат скакулци и слични инсекти во облиство,[7] иако се од раните 1980 северните европски популации се пријавени како намалувачки поради промената на климата.

Пупунецот има два основни услова во своето место на живеење: лесни вегетациони терени и вертикални површини со шуплини (како што се дрва, ѕидови, камења) каде што се гнездат. Овие барања можат да се обезбедат во широкиот спектар на екосистемот и како последица на тоа тие се населуваат во широкиот дијапазон на пустини, шумостепи, савани и во внатрешноста на шумата. Мадагаскарскиот подвид, исто така, ја користи густината на примарните шуми. Модификацијата на природни живеалишта од страна на луѓето за разни земјоделски искористувања довела до тоа тие да станат чести во овоштарниците, виноградите, полињата, иако се многу ретки во аграрните подрачја. Ловот е загрижувачки во Јужна Европа и Азија.

Пупунците прават сезонски движења како одговор на дождови во некои региони, како што се Цејлон и Западни Гати[8] Птиците се видени на големи висини, за време на миграција преку Хималаите, а забележани се на околу 6400 м од првата експедиција на Монт Еверест.[9]

Однесување и екологија[уреди]

За она што долго се мислеше дека е одбранбен став, пупунецот всушност се сонча, ширејќи ги своите крилја и опашката ниско на земјата и издигнување на главата. Често ги преклопува своите крилја и ги позиционира на половината. Пупунецот, исто така, ужива во прашина и препелкање во песок.[10]

Исхрана[уреди]

Исхраната на пупунецот е главно состравена од инсекти, влекачи, како и мали жаби и билки, семиња и бобинки. Таа е осамен летач кој вообичаено се храни на земја. Поретко се храни во воздух во потрага по инсекти, каде нивните јаки и заоблени крилја ги прават брзи и подвижни. Почесто нивниот стил да бараат храна е релативно на отворен терен и повремено паузираат да го испитаат теренот со полната должина на нивниот клун. Инсектите како ларви се откриваат со нивниот клун и ги ископуваат со нивните јаки нозе. Покрај хранењето на земјиштата пупунецот се храни со инсекти на површината, како и сондирање на лисја, па и со помош на нивниот клун тие ја лупат кората на големите камења. Вообичаениот режим на исхрана вклучува скакулци, бубачки и мравки. Големината може да варира од 100 до 150 mm во должина, со пожелната големина на грабливците околу 20-30 mm. Поголемите пленови ги удираат од земјата или камен за да ги убијат и да ги исфрлат несварливите делови како крилјата и нозете.

Парење[уреди]

Млад и возрасен пупунец

Пупунецот е моногамна птица иако нивната врска може да трае само една сезона. Тие, исто така, се територијални, каде што машките често извикуваат за да го означат поседот на територијата. Борбите помеѓу машките ривали (понекогаш женски) се чести и можат да бидат брутални. Птиците ќе се обидат да ги порободат своите ривали со нивниот клун, а поединци се повремено заслепени во борба.[11] Нивното гнездо е во дупки во дрвјата или ѕидовите, со тесни влезови. Само женките се одговорни за инкубација на јајцата. Големината на квачилата е во зависност од локацијата; птиците во северната хемисфера снесуваат повеќе јајца од оние во јужната хемисфера и птиците коишто се наоѓаат во поголема географска ширина имаат поголеми квачила од оние кои се поблиску до екваторот. Во централна и северна Европа и Азија квачилата имаат големина околу 12, а тоа е меѓу 4 во тропските предели, а 7 во субтропските. Јајцата се округли и млечно бели на несење, но тие брзо ја менуваат бојата во своите нечисти гнезда. Тие се тешки 4,5 грама.

Пупунците имаат добро развиен антипредаторски ситем на одбрана на гнездото. Уропигал жлездата во инкубирањето кај женките се модифицира да произведе мирисна течност, и жлездите нестлинг го прават тоа исто така. Овие секрети се нанесуваат на перјата. Секрет кој мириса на труло месо, се смета дека ќе помогне на одбивање на предаторите, како и спречување на паразити и делува како антибиотик.[12] Секретот се губи пред младите да го напуштат гнездото. Покрај овој секрет, птиците се способни да се соочат со напаѓачите кога имаат само 6 дена, исто така ќе шишти на напаѓачите како змија. Младите удираат со нивниот клун или со едно крило.

Периодот на инкубација трае меѓу 15-18 дена. За време на инкубацијата мажјакот ја храни женката. Периодот на инкубација почнува кога првото јајце ке биде снесено така што младите ќе бидат родени асинхроно. Пилињата се родени со покривка од перја, која околу третиот ден до петиот ден ќе порасне во големи перја. Пилињата се негувани од женката помеѓу деветиот до четрнаесетиот ден. Женката потоа му се придружува на мажјакот во потрага по храна. Младите раснат за време од 26 до 29 дена и остануваат со родителите околу една недела.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Upupa epops. In: IUCN 2012. IUCN Red List of Threatened Species. Version 2012.2.
  2. Kristin, A (2001). „Family Upupidae (Hoopoes)“. Josep, del Hoyo; Andrew, Elliott; Sargatal, Jordi. „Handbook of the Birds of the World. Volume 6, Mousebirds to Hornbills“. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 396–411. ISBN 84-87334-30-X. 
  3. Reichlin, Thomas; Michael Schaub, Myles H. M. Menz, Murielle Mermod, Patricia Portner, Raphaël Arlettaz & Lukas Jenni (2008). „Migration patterns of Hoopoe Upupa epops and Wryneck Jynx torquilla: an analysis of European ring recoveries“. „Journal of Ornithology“ 150 (2): 393. doi:10.1007/s10336-008-0361-3. http://www.iee.unibe.ch/cb/content/e7117/e7118/e8739/e8786/e9751/Reichlin_JOrn2009.pdf. 
  4. Dau, Christian; Paniyak, Jack (1977). „Hoopoe, A First Record for North America“. „Auk“ 94 (3): 601. http://sora.unm.edu/sites/default/files/journals/auk/v094n03/p0601-p0601.pdf. 
  5. Heindel, Matthew T.; Jonathan Alderfer (ed.) (2006). „Complete Birds of North America“. National Geographic Society. стр. 360. ISBN 0-7922-4175-4. 
  6. Pforr, Manfred; Alfred Limbrunner (1982). „The Breeding Birds of Europe 2: A Photographic Handbook“. London: Croom and Helm. стр. 82. ISBN 0-7099-2020-2. 
  7. Soper, Tony (1982). „Birdwatch“. Exeter, England: Webb & Bower. стр. 141. ISBN 0-906671-55-8. 
  8. Champion-Jones, RN (1937). „The Ceylon Hoopoe (Upupa epops ceylonensis Reichb.)“. „J. Bombay Nat. Hist. Soc.“ 39 (2): 418. 
  9. Ali, S. and Ripley, S. D. (1983). „Handbook of the Birds of India and Pakistan. Volume 4“ (2 издание). Oxford University Press, New Delhi. стр. 124–129. 
  10. Harrison, C.J.O.; Christopher Perrins (1979). „Birds: Their Ways, Their World“. The Reader’s Digest Association. стр. 303–304. ISBN 0-89577-065-2. 
  11. Martín-Vivaldi, Manuel; Palomino, José J. and Soler, Manuel (2004). „Strophe Length in Spontaneous Songs Predicts Male Response to Playback in the Hoopoe Upupa epops“. „Ethology“ 110 (5): 351–362. doi:10.1111/j.1439-0310.2004.00971.x. 
  12. Martín-Platero, Antonio M. et al. (2006). „Characterization of Antimicrobial Substances Produced by Enterococcus faecalis MRR 10-3, Isolated from the Uropygial Gland of the Hoopoe (Upupa epops)“. „Applied and Environmental Microbiology“ 72 (6): 4245–4249. doi:10.1128/AEM.02940-05. PMID 16751538. 

Надворешни врски[уреди]