Проблеми со животната средина во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проблеми со животната средина во Македонија вклучуваат загадување на воздухот и загадување на водата, обесшумување, закана за ендемски видови и климатски промени. Постои висок степен на загадување на воздухот, водата и почвата на Македонија. Според некои проценки од 2019, државата се смета за една од државите со највисок степен на загаденост во Европа.[1]

Традицијата на одредување на индексот на квалитетот на воздух започнал во 1965, по што во градските средини можела да се измери количината на загадување. Загадувањето на воздухот негативно се одразува врз здравјето на граѓаните на државата и првенствено влијае на нивните респираторни и кардиоваскуларни системи. Некои од главните причинители за зголеменото загадување на воздухот вклучуваат употреба на огрев на дрва преку зимскиот период и користење на јаглен, како и зголемениот број на возила во сообраќајот, кои се претежно стари. Иницијативи од страна на владата и граѓаните за да се намали проблемот на загадувањето на воздухот се појавиле низ годините со различен успех.

Градско загадување

Има значително загадување на водите во различните водни површини на државата, вклучувајќи ги најголемите реки Вардар, Брегалница и Црна Река како и Охридското Езеро. Ова главно се должи на неограниченото испуштање загадени води од страна на индустријата, канализациите и агрикултурата.

Заднина[уреди | уреди извор]

Најчесто загадените средини во државата се урбаните региони. Покрај тоа, загадувањето исто така било забележано во некои од руралните средини исто така.[2] Најчесто загадените градови на државата ги вклучуваат главниот град Скопје и поголемите градови како што се Тетово и Битола.[2][3]

Следењето на квалитетот на воздухот во државата почнало да се спроведува во 1965 кога почнале да се собираат примероци на штетни супстанци. Од 1990-те, почнале да се користат посовремени технологии низ државата.[2] Според Светската здравствена организација, честичките од прав во Скопје ги преминале границите на дозволеното 20 пати. Скопје честопати бил рангиран како еден од најзагадените градови во Европа како и во светот. Нивото на ПМ10 честички во 2018 биле над лимитите дозволени од Европската Унија 202 дена во годината; за време на истата година, нивото достигнало и 2.5 ПМ, мерна единица која ги прикажува најштетните аерозагадувачи за здравјето.[4][5] Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено за мерење на загадувањето во државата.[6]

Во 2022, било предвидено дека нивото на загадување во државата ќе се зголеми повеќе од претходно поради глобалната економска и енергетска криза.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тесторидес, Константин (20 декември 2019). „North Macedonia: Hundreds protest dangerous air pollution“ [Македонија: Стотици протестираат против опасното загадување на воздухот]. Associated Press. Посетено на 15 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 (јуни 2017). "Извештај за оценка на квалитетот на воздухот во Република Македонија за периодот 2005–2015 година" (на mk). Соопштение за печат. Архивирано на 16 декември 2022 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2022-12-16. Посетено на 2023-03-19.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Information about the air pollution in cities in the Republic of Macedonia and possible risks to health“ [Информазии за аерозагадувањето на градовите во Република Македонија и можните ризици за здравјето]. Институт за јавно здравје на Република Македонија. 10 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2022-12-16. Посетено на 16 декември 2022.
  4. Бејтман, Џесика (2 јули 2020). „The young people fighting the worst smog in Europe“ [Младите луѓе се борат со најлошиот смог во Европа]. BBC. Посетено на 16 декември 2022.
  5. Ли, Џои; Микјут, Викторија (19 март 2019). „Inside Skopje, Europe's most polluted capital city“ [Во Скопје, најзагадениот главен град во Европа]. Ал Џезира. Посетено на 16 декември 2022.
  6. Пулеска Јанушеска, Билјана; Андонов, Дејан (10 март 2021). „Recording the pressures on the water resources: Who pollutes the waters in North Macedonia?“ [Мерење на притисокот на водените ресурси: Кој ги загадува водите во Македонија?] (PDF). Институт за комуникациски студии. Посетено на 16 декември 2022.
  7. Д., З. (22 ноември 2022). „Нови студии за воздухот: Аерозагадувањето го напаѓа и црниот дроб, тетовци веќе ги чувствуваат последиците“. Слободен Печат. Посетено на 16 декември 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]