Прнар (поранешно село)

Координати: 40°47.19′N 22°53.29′E / 40.78650° СГШ; 22.88817° ИГД / 40.78650; 22.88817
Од Википедија — слободната енциклопедија
Прнар
Πουρνάρι
Прнар is located in Грција
Прнар
Прнар
Местоположба во областа
Прнар во рамките на Даутбал (општина)
Прнар
Местоположба на Прнар во општината Даутбал и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.19′N 22°53.29′E / 40.78650° СГШ; 22.88817° ИГД / 40.78650; 22.88817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДаутбал
Надм. вис.&10000000000000260000000260 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Прнар или Прнар Маала (грчки: Πουρνάρι или Πουρνάρ Μαχαλέ) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се во областа Вардарија во Солунското Поле. Лежело во североисточното подножје на планината Балџа, јужно од источно од Џумаја и јужно од Даутли.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Прнар било чисто турско село во Солунска каза.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 150 жители, сите Турци.[2]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 450 жители кои во 1920 г. се свеле на само 48 жители бидејќи селото настрадало во Првата светска војна.[1]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор преостанатото население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци.[1] Така, во 1928 г. во Прнар имало 43 дојденски семејства сочинети од 184 лица.[3] Според други извори, истата година селото имало 200 жители од 39 грчки доселенички семејства, и тоа 37 од Источна Тракија, 1 од Понд и 1 од Мала Азија.[1]

Во 1940 г. во Прнар се попишани 294 лица, а на пописот од 1951 г. во него се водат 289 жители. Во понатамошните пописи селото веќе го нема бидејќи се споило со Даутли.[1]

Северно од местото се наоѓа црквата „Успение на пресв. Богородица“, која е единствената здрава градба останата од селото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 338. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  3. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012