Примитивен ирски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Примитивен ирски
Gaeilge Ársa
Зборуван во: Ирска, Остров Ман, западно крајбрежје на Велика Британија
Исчезнување: Еволуирал во староирски кај VI век
Јазично семејство: Индоевропски
 Келтски
  Островски келтски
   Гојделски
    Примитивен ирски 
Писмо: Огам
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: cel
ISO 639-3:

Примивниот ирски јазик или архаичен ирски[1] (ирски: Gaeilge Ársa) е најстарата позната форма на гојделските јазици. Познат е само од неколку фрагменти, претежно лични имиња, врежани на камен во азбуката Огам во Ирска и западна Велика Британија сè до околу VI век.


Карактеристики[уреди]

Транскрибирани натписи од огам, кој немаат буква за фонемата /п/, покажуваат дека примитивниот ирски јазик е сличен во морфологија и флексија со галскиот, латинскиот, класичниот грчки јазик и Санскрит. Многу од карактеристиките на модерниот (и средновековниот) ирски јазик, како првобитни промени, различни „широки“ и „тесни“ согласки и групи согласки, сè уште не се очигледни.

Повеќе од 300 натписи во огам се познати во Ирска, вклуќувајќи и 121 во Кери и 81 во Корк и повеќе од 75 пронајдени надвор од Ирска во западна Британија и Ман (остров), заедно со повеќе од 40 во Велс, каде што ирските колонисти се населиле во III век и околу 30 во Шкотска, иако неколку од овие се на пиктски. Повеќето од Британските натписи се двојазични, на ирски и латински, меѓутоа ниту еден не покажува знаци на влијание од христијанство или христијанска епиграфска традиција, што покажува дека датираат од пред 391 година, кога христијанството станало официјална религија на Римската Империја. Само десетина од ирските натписи покажуваат такви знаци.

Поголемиот број од натписите во огам се споменици, кои го содржат името на починатиот во генитив, проследен со MAQI, MAQQI „на синот“ (модерен ирски, mic) и името на неговиот татко или AVI, AVVI „на внукот“ и името на неговиот дедо: на пример, DALAGNI MAQI DALI, „[каменот] на Даланас цин на Далас“. Понекогаш фразата MAQQI MUCOI „на синот на племето“ се употребувала да покаже племенска припадност. Некои од написите се чини дека биле користени како гранични ознаки.


Премин во староирски јазик[уреди]

Староирскиот јазик, пишуван од VI век, ги имал најкарактеристичните особини на ирскиот јазик, вклучувајќи „широки“ и „тесни“ согласки, првобитни промени кои произлегувале од губењето на флексиски завршетоци и групи согласки создадени со губењето на ненагласените слогови, заедно со неколку значајни промени на самогласки и согласки, како и присуството на буквата п.

Како на пример, кралот на Ленстер од V век, чие име е запишано на списоците и летописите на староирскиот крал како Макартин Уј Енехглас (Mac Caírthinn Uí Enechglaiss), е сочуван на огам камен во близна на местото каде што починал. Ова ја покажува доцната верзија на примитивниот ирски јазик на неговото име (во генитив), како „MAQI CAIRATINI AVI INEQUAGLAS“. Слично на тоа, Корку Дибне (Corcu Duibne), клан во Кери познат од староирски извори, се сочувани на неколку камења во нивната територија како „DOVINIAS“. Староирски збор за „поет (во генитив)“, во огам се појавува како VELITAS. Во сите случаи, развојот од примитивен во староирски јазик го покажува губитокот на ненагласените слогови и одредени промени на согласките.

Овие промени, следени од историски лингвисти, се вообичаени во развојот на јазиците, меѓутоа во ирскиот јазик се случиле невообичаено брзо. Според една теорија претставена од Џон Т. Кох, овие промени се совпаѓаат со преобразбата во христијанство и воспоставувањето на учењето латински. Сите јазици имаат различни регистри или нивоа на формалност, од кои повеќето формални, особено оние кои се однесуваат на учење и религија, се менууваат бавно, додека повеќето неформални регистри се менуваат многу побрзо, меѓутоа најчесто се спречени да се развијат во меѓусебно неразбирливи дијалекти поради постоењето на поформалните регистри. Кох тврди дека во предхристијанска Ирска најформален регистар би бил јазикот што го користела учената и религиозната класа, друидите, поради нивните церемонии и учење. По преобразбата во христијанство друидите го изгубиле нивното влијание, а формалниот примитивен ирски јазик бил заменет со латинскиот јазик, јазикот на новата учена класа, христијанските монаси. Народната форма на ирскиот јазик, т.е. обичниот ирски јазик зборуван од повисоките класи (претходно „потиснат“ од страна на конзервативното влијание на формалниот регистар) излезе на површина, оставајќи впечаток на брза промена, нов пишан стандард, самооформувањето на староирскиот јазик.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]