Преспанска штипалка

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Cobitis|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Преспанска штипалка
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Cobitis
Вид: Преспанска штипалка
Научен назив
Cobitis meridionalis
S. L. Karaman, 1924

Преспанска штипалка (Cobitis meridionalis) [2] е вид риба од семејството Cobitidae. Ја има во Албанија, Грција и Северна Македонија.[1]

Нејзиното природно живеалиште се слатководни езера. Загрозена е нејзината загуба на живеалиштата.

Опис и распространетост[уреди | уреди извор]

Телото на преспанската штипалка е бочно умерено сплескано до цилиндрично. Опашната перка е заоблена и најчесто има темна (сива) пега по краевите на опашната перка. Телото ѝ е мазно, покриено со ситни лушпи кои тешко се забележуваат. По должината на целото тело се протегаат темносиви пеги кои понекогаш може да се во облик на темни континуирани или испрекинати ленти. Устата е мала, а долната усна е поделена на два дела. Има три пара на кратки мустаќи. Последниот пар достигнува до почетокот на окото. Преспанската штипалка е ендемичен вид и го населува само Преспанското Езеро и притоките.[2]

Основни биолошки одлики[уреди | уреди извор]

Екологијата на овој вид не е доволно проучена. Се мрести во пролетно-летниот период од месец мај до месец јуни.[2]

Значење[уреди | уреди извор]

Преспанската штипалка нема стопанско значење ниту за стопански, ниту за рекреативен риболов. Поради тоа што е ендемичен вид и го населува само Преспанското Езеро и притоките има големо значење и тоа во областа на зоогеографијата на рибите на Балканскиот Полуостров. Како и во другите природни езера така и во Преспанското Езеро настанати се големи промени по однос на екологијата на рибите и тоа најмногу изразено по однос на мрестот на белвицата и крапот. За разлика од порано кога белвицата се мрестела речиси на брегот од езерото, сега таа се мрести во средишните делови на езерото. Слично се случува и со крапот. Ова најверојатно е резултат на драстичното намалување на езерското ниво, како и присуството на сончарката во езерото. Намалувањето на нивото доведува и до намалување на волуменот и површината која во последно време за македонскиот дел изнесува 165 км2, или 16.500 хектари. Мошне е значајно што скобустот речиси веќе и да го нема во ловините, слично како во Охридско Езеро. Мрената, која порано, исто така, значајно учествувала во ловините, сега на македонскиот дел од езерото сè помалку ја има. Со оглед дека Преспанското Езеро е со мезотрофен карактер, тоа од друга страна има и поголема рибна продукција за разлика од Охридското, но, со риби со мала економска вредност. Изразено на хектар езерска површина годишниот принос е проценет до 22 килограми или вкупно за македонскиот дел 363000 кг.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]