Преображение Христово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Преображение на Господ Исус Христос. Масло од Рафаел.
Фреска на Преображението од 12 век во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, преспанско.

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според Јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.[1][2][3]

Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле, и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.

Откако слегле од гората, Исус им заповедал да не зборуваат за тоа што го виделе, додека Тој не воскресне.

Иако настанот традиционално се верува дека се случил на 40 дена пред распнувањето на Христос, тој се празнува на 40 дена пред Крстовден.

Наводи[уреди]

  1. Clowes, John, 1817, The Miracles of Jesus Christ published by J. Gleave, Manchester, UK page 167
  2. Henry Rutter, Evangelical harmony Keating and Brown, London 1803. page 450
  3. Lockyer, Herbert, 1988 All the Miracles of the Bible ISBN 0-310-28101-6 page 213