Порт Харкурт
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Површина | ? km² |
|---|---|
| Население | 3,560,230 |
| Густина на насел. | ? жит./km² |
| Административна поделба | Област на Реките |
| Гувернер | Петер Одили |
| Координати: | 4°48' С, 7°0' И |
Порт Харкурт е град кој се наоѓа во Делтата на Нигер во Нигерија. Тој е административен центар и главен град на Областа на Реките. Порт Харкурт бил основан од Британците во 1912 година на копно населено со народите Иквере и Иџав. Британците го именувале овој град по Луис Вернон Харкурт, британски државен секретар за колониите (1910–1915).
Главната намена на ова пристаниште била да извезува јаглен кој доаѓал во големи количества од рударскиот град Енугу на север преку реката Бони на која и е сместен овој град. Порт Харкурт има 3,560,230 жители, што го прави четвртиот најголем град во земјата по Лагос, Ибадан и Кано. Тој е главен индустриски центар, па затоа има голем број на повеќенационални фирми, како и други индустриски претпријатија. Бизнисот поврзан со нафта се одвива тука. Порт Харкурт е водечкиот град за рафинирање на нафта во Нигерија. Во градот има и риболовна индустрија и рибен пазар.
Главна атракција во градот е неговиот музеј. Транспортот се одвива преку меѓународниот аеродром, железничката линија до Маидугури и ферибpоти до Нембе, островот Бони и островот Брас.
Сегашен гувернер е д-р Петер Одили од Народната Демократска Партија кој победи на изборите за втор мандат во 2003 година.
Порт Харкурт е и еден од центрите за христијански развој во регионот и е домаќин на неколку големи цркви. Овој град е познат и по тоа што има големи количества резервна нафта.
