Портал:Биографија/Одбран портрет/2007/мај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 - Принстон, 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век и еден од најголемите физичари на сите времиња. Ајнштајн ја предложил теоријата на релативитет и придонел на развојот во полињата на квантната механика, статистичка механика и космологија. Во 1921 година му е доделена Нобеловата награда за физика за неговото толкување на фотоелектричниот ефект и за општи придонеси кон теоретската физика.

Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни референци во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките појави. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија.