Портал:Анархизам/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михаил Александрович Бакунин (руски: Михаил Александрович Бакунин; 30 мај 18141 јули 1876) — прочуен револуционер и еден од „татковците“ на современиот анархизам.

Михаил Александрович Бакунин е роден во 1814 во аристократско семејство во селото Прјамухино помеѓу Торжок и Кувшиново, во Тверската губернија, северозападно од Москва. На возраст од 14 години оди во Петроград, каде што се здобива со воена обука при Универзитетот за артилерија. Ги завршува студиите во 1832 година, а во 1834 е назначен за помлад офицер во Руската Царска Гарда и бил испратен во Минск и Гардинас во Литванија (денес Белорусија). Тоа лето, Бакунин се најде во семејна расправија, каде што ја зазема страната на сестра си, која се бунтува поради несреќниот брак. И покрај желбите на татка си да продолжи во воената или цивилната служба, Бакунин оди во Москва со надеж дека ќе студира философија.

Прочитајте повеќе