Петар Николиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Николиќ
Прекар(и)Врање
ПозицијаБек
Висина1,89 м
Тежина88 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубПелистер
Број13
Роден25 септември 1993(1993-09-25)(30 г.)
Врање, СР Југославија
НационалностСрбин
Македонец
Проф. кариера2008–
Клубови
2008-2011Морава
2012БСК Јуниор
2012-2015Водњански Лисици
2015–2018Работнички
2018-2019Блокотехна
2019-2020Еуро Никел 2005
2020-2021Работнички
2021-Пелистер
Репрезентација
Инфо од: 13.03.2021.
Петар Николиќ во дресот на КК Куманово, на натпревар против КК Гостивар, сезона 2021-2022

Петар Николиќ (роден на 25 септември 1993 во Врање) — српски кошаркар кој настапува за Еуро Никел 2005. Тој поседува и македонско државјанство.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Првите кошаркарски знаење ги научил во клубот Економац и Пантери од Врање. Играл и за младинските категории на КК Југ од родниот град. Југ го испратил Николиќ на позајмица во БСК Јуниор од Бујановац. Потоа Николиќ побарал исписница и се префрлил во КК Морава од Владичин Хан.[1][2]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

На свои петнаесет години, Николиќ дебитирал за сениорскиот состав на Морава кој се натпреварувал во Првата српска лига (втора по ранг) и станал редовен член на сениорската екипа.[1][2] На полусезоната од сезоната 2011/12, Петар Николиќ се префрлил во Бујановац, исто така клуб од Првата српска лига.[3][4] По завршувањето на сезоната 2011/12, Николиќ бил на проба во Работнички.[5] Во сезоната 2012/13 заиграл за второлигашот Водњански Лисици.[6] Следната сезона продолжил во Водњански Лисици и го освоиле второто место кое водело во Првата лига.[7] Во сезоната 2014/15 Николиќ останал во Водњански Лисици, со кој не успеал да опстане во Првата лига.[8] Следната сезона потпишал за Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017.[9] Во Работнички, Николиќ продолжил да настапува и во сезоната 2017/18.[10] Во таа сезона, Николиќ со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николиќ се преселил во редовите на Блокотехна.[11] Со Блокотехна, Николиќ ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Николиќ со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во август 2019 година, Николиќ ги сменил клупските бои и заиграл за Еуро Никел 2005.[12] Сезоната 2020/21 ја започнал во Работнички, но во март се преселил во Пелистер.[13]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија Блокотехна НБ[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Sanjam dres reprezentacije Makedonije“. vranjske.co.rs. 8 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2021-11-19. Посетено на 7 февруари 2018.
  2. 2,0 2,1 „Stomatolog u Partizanu“. vranjske.co.rs. 11 август 2011. Посетено на 7 февруари 2018.[мртва врска]
  3. „Derbi Bujanovčanima“. vranjske.co.rs. 15 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2021-12-19. Посетено на 7 февруари 2018.
  4. „Moje vreme tek dolazi“. vranjske.co.rs. 12 јануари 2012. Посетено на 7 февруари 2018.[мртва врска]
  5. „Nikolić u Rabotničkom“. vranjske.co.rs. 10 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2021-07-23. Посетено на 7 февруари 2018.
  6. „KK Vodnjanski Lisici - roster 2012-13“. eurobasket.com. Посетено на 7 февруари 2018.
  7. „KK Vodnjanski Lisici - roster 2013-14“. eurobasket.com. Посетено на 7 февруари 2018.
  8. „KK Vodnjanski Lisici - roster 2014-15“. eurobasket.com. Посетено на 7 февруари 2018.
  9. „KK Rabotnicki - roster 2016-17“. eurobasket.com. Посетено на 7 февруари 2018.
  10. „Американец во „Градски парк": Гинјард потпиша за Работнички“. ekipa.mk. 22 август 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
  11. „Се засилува и Блокотехна – две нови имиња во Гевгелија“. ekipa.mk. 21 јули 2018. Посетено на 22 јули 2018.
  12. „Петар Николиќ потпиша со Фени Индустри“. ekipa.mk преку web.archive.org. 8 август 2019. Посетено на 9 август 2019.
  13. „Пелистер донесе засилување од Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 9 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-13. Посетено на 13 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]