Османлиско-српска војна (1876-1877)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Османлиско-српска војна 1876-1877
Дел од Османлиско-српски војни
Bitka za moravac.jpg
Битка кај Моравас
Датум 30 јуни 1876 — 28 февруари 1877
(Шаблон:Age in years, months, weeks and days)
Место Кнежество Србија, Кнежество Црна Гора
Исход отоманска победа
Завојувани страни
Кнежество Србија  Отоманска империја
Сила
100,000 139,000
Жртви и загуби
2,000 3,000

Османлиско-српската војна од 1876 година претставувала вооружен конфликт меѓу Србија и Црна Гора од една страна и Османлиската империја од друга. Сојузниците војувале за ослободување на Босна и Херцеговина од османлиската власт, но претрпеле пораз. Иако Отоманската империја доживеала победа, војната предизвикла продлабочување на дипломатската криза на Балканот и воена интервенција на Русија со краен резултат територијални придобивки на Србија и Црна Гора, реконструкција на бугарската држава и окупираните на Босна и Херцеговина од Австро-Унгарија во 1878 година.

Позадина[уреди]

Во летото на 1875 година во балканските покраини на Османлиската империја започнале големи немири. Во Херцеговина започнало востание. Во Бугарија избувнало Старозагорското, проследено во пролетта 1876 година и од Априлското востание. Јавноста во Србија и Црна Гора извршила притисок на владата за заштита на босанските востаници. И покрај предупредувањата на Русија, на 18 јуни 1876 година кнез Милан Обреновиќ и кнез Никола Петровиќ започнале војна со ОСманлиите.

Тек на војната[уреди]

Во почетокот на војната Отоманската империја располагала со вкупно 100.000 борци против Србија и Црна Гора. Српските сили биле приближно исти на број, но биле слабо подготвени за воените дејствија. Распределени во четири армии, наречени според реонот на дислокација - Дринска, Ибарска, Моравска и Тимошка армија.

На 20 јуни 1876 година српските сили започнале со напад и стигнале до Бела Паланка и Пирот, но на крајот на месецот биле принудена да се повлчат назад во Србија. Во исто време, како резултат на битката кај Велики извори, Тимошката армија била одбиена од војските на Осман паша. Црногорците кои со своите напади започнале во Мостар им нанеле голем пораз на Османлиите, но српската инвазија во Босна пропаднала. Османлиските сили на 24 јули си го вратиле градот Кнежевац и започнале голема офанзива по кое големите европски сили започнале да се мешат во конфликтот барајќи примирје.

На 16 февруари 1877 година помеѓу Србија и Османлиската империја бил склучен мировен договор кој ја вратил состојбата меѓу двете земји како што била уште пред војната. Црна Гора не ги прифатила условите и продолжила со војната. По два месеци избувнала Руско-турската војна.

По Берлинскиот конгрес Србија и Црна Гора се ослободиле од формалниот отомански суверенитет и стекнале територии од Јужна Морава до брегот на Јадранско Море.