Опсада на Плевен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Опсада на Плевен
Дел од Руско-турска војна (1877–1878)
Grivita 1877.jpg
Датум 20 јули – 10 декември, 1877
Место Плевен, Бугарија
Исход Руско-романска победа
Завојувани страни
 Руска империја
Романија Романија
Бугарија Бугарски војници
 Отоманска империја
Команданти и водачи
Руска империја Никола Николаевич
Романија принц Карол I од Романија
Руска империја Николај Криденер
Турција Осман Паша
Сила
150,000 40,000
Жртви и загуби
40,000 убиени или повредени 25,000 убиени или повредени
40,000 заробени

Опсадата на Плевен се одвила од 20 јули до 10 декември 1877 година помеѓу силите на Руската империја и Отоманската империја. Опсадата е дел од Руско-турската војна од 1877-1878 година. Оваа е една од најголемите битки кои се случиле во текот на војната. Русите на крајот го зазеле градот.

По започнувањето на опсадата, рускиот генерал Јуриј Шилдер Шулднер успеал во почетокот да зазеде неколку утврдувања кои се наоѓале надвор од градот. По ова, Осман Паша превзел контра-напад во кој тој имал загуби од околу 2.800 војници. Во текот на следните денови, и двете страни успеале да добијат засилување. Генералот Николај Криденер добил помош од околу 26.000 војници, а Осман Паша од околу 20.000 војници. На 30 јули, руските сили добиле налог за напад над градот. До крајот на денот се воделе големи битки, ноп во крајна сметка Русите започнале да ги губат своите позиции и биле принудени да се повлечат. Руските загуби броеле 7.032 наспроти 1.000 Османлии.

На 31 август, османлиските позиции излегле од градот Плевен и ги нападнале на руските сили. По неколку часови војна, османлиските сили биле принудени да се повлечат кон градот. третиот напад бил спроведен од страна на руските сили на 13 септември 1877 година. Учество во тој напад зеле 75.000 војници, од кои 23.000 биле Романци. Претходно бил заземен Ловеч, со кое било спречено снабдувањето на градот. Во битката на 13 септември, руските сили имале жртви од вкупно 12.814 убиени или ранети наспроти 3.000 Османлии.

Кон почетокот на декември, Осман Паша решил дека е потребно блокадата на градот да биде отфрлена, па затоа направил обид. На 4 декември, командирот Сулејман Паша ја преминал Стара планина и го зазел градот Елена, но не успеал да ги отфрли руските позиции по линијата на Плевен. Поради фактот што имал доста жртви, тој го прекинал патот кон Плевен. На 10 декември, Осман Паша ги нападнал повторно руските позиции. На тоа, руските одговориле со голема сила, по кое голем дел од османлиската војска била заробена. Во тој обид, руските загуби броеле 1.894 убиени или ранети.