Битка кај Шипка (1877)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прва битка на Шипка
Дел од Руско-турска војна (1877–1878)
Датум 17–19 јули 1877
Место Шипка, Бугарија
Исход Руска победа
Завојувани страни
 Руско Царство
Бугарија
 Османлиско Царство
Команданти и водачи
Сулејман Паша
Сила
5000 30 000
Жртви и загуби
211 ?

Битките на Шипка се однесуваат на четирите битки кои се воделе помеѓу силите на Руската Империја и Отоманското Царство. Битките се дел од Руско-турската војна од 1877-1878 година.

Тек[уреди | уреди извор]

Една од најголемите битки во војната се одвила на врвот Шипка. Првата битка траела во периодот од 17 до 19 јули 1877 година во која руските сили воспоставиле контрола над областа која била важна за врските меѓу Северна и Јужна Бугарија. По заземањето на преминот руските војници зазеле заштитни позиции. Генерал Дарожински располагал со околу 5.000 лица распоредени на три позиции: на врв Свети Никола, на централниот рид и просторот помеѓу овие две точки. Во времето на втората битка руските војници вклучувајќи и голем број бугарски доброволни чети успеале да го сопрат нападот на османлиските сили во обид да го отворат патот кон градот Плевен.

Во август 1877 година Сулејман Паша добил засилување од Албанија и со сила од околу 30.000 војници и 48 топови се упатил кон Шипка. На 19 август генералот Столетов видел дека целиот корпус на Сулејман паша е околу Шипка и дека неговите сили се огромни наспроти 5,500 бугарски сили со 27 топови и 36-иот руски орловски пешадиски полк. На 21 август утрото војниците на Реџеп паша започнале напад против позициите на врвот Свети Никола но Османлиите не забележиле успех . На 22 август Османлиите ја поместиле артилеријата на повисока точка но и овој напад бил одбиен.

Решителната борба започнала на 23 август кога Османлиите ги нападнале сите руски позиции а главниот удар повторно бил насочен кон Свети Никола. Во оваа борба порад слабо вооружување бугарските сили започнале да фрлаат камења па дури и мртвите тела на своите бранители. Во последен момент пристигнала помош од 27,000 војници по кое Шипка била одбранета. Неколку недели подоцна, Сулејман паша направил уште еден обид за заземање на областа но доживеал голем неуспех.

На 13 септември Сулејман паша започнал бомбардирање на руските позиции кои траеле до 17 септември кога Сулејман паша презел фронтален напад против врвот Свети Никола но и покрај почетниот успех морал повторно да се повлече. По ова следувала зимата каде областа била претворена во тврдина за да се оневозможи османлиска офанзива кон Северна Бугарија по кое бил отворен патот на руската армија кон Истанбул.