Народна кујна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Народната кујна од Берлин (слика од 1859)
Невработени чекаат ред пред народна кујна за време на Големата Депресија (Чикаго, 1931)

Народна кујна е место каде на гладните им се нуди бесплатна храна или одредени прехрамбени продукти по симболична цена. Овие објекти најчесто се наоѓаат во сиромашните градски населби, и во нив обично работат волонтери и добронамерни поединци. Овие кујни храната ја добиваат од најразлични донации, претежно од цркви и верски организации, чии верници ја оставаат како помош за сиромасите.

Се верува дека поимот „народна кујна“ официјално влегол во јазичниот речник во текот на 1880-тите, кога една пекара од Њу Јорк почнала да им дели бесплатни пекарски производи на сиромасите при крајот на нивното работното време.[1] Овие институции станале популарни за време на Големата економска криза во САД, кога една од кујните на Ал Капоне во Чикаго почнала да раздава храна на гладните, како би го подобрила јавното мислење за него.[2] Бенџамин Томпсон, еден од основачите на модерна Америка, се смета за изумител на народните кујни. Според едно истражување од 1985 год. било дојдено до сознание дека 95% од храната која им се дава на посетителите имала недостаток на витамини.[3]

Според статистиката на Министерството за труд и социјална политика, во Р. Македонија има вкупно 41 народна кујна, од кои шест се во Скопје.[4] Според истите податоци, преку 4000 приматели на социјална помош ги посетуваат овие места.[5][6]

Наводи[уреди]

  1. Wetsteon, Ross, Republic of Dreams Greenwich Village: The American Bohemia 1910-1960, Simon & Schuster, 2003, preface
  2. „Народни кујни“ Social Security Online History Page.
  3. American Journal of Public Health „Нутриционистички податоци за храната која се сервира во народните кујни: Истражување“ Г. Т. Лејвен и К. С. Браун, август, 1985; 75(8): 875–878.
  4. И селата добиваат народни кујни, преземено од Нова Македонија, 1 декември, 2011
  5. Народни кујни на секој чекор- вистински излез од кризата?, преземено од ИдиВиди, 26 декември, 2012
  6. Народните кујни- егзистенција за најсиромашните, преземено од DW, 6 ноември, 2011

Поврзано[уреди]