Ал Капоне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ал Капоне

Капоне во 1935
Al Capone Signature.svg
Роден Алфонс Габриел Капоне
17 јануари 1899
Бруклин, Њу Јорк, САД
Починал јануари 25, 1947(1947-01-25) (на 48 год.)
Палм Ајланд, Флорида, САД
Обвиненија Даночна евазија
Казна 11 годишна затворска казна во Алкатраз
Занимање Гангстер, нелегален транспорт на алкохол, криминалец, рекетар, шеф на Чикашката мафија
Сопружник Мае Капоне
Деца Алберт Френсис Капоне

Алфонс Габриел „Ал“ Капоне (17 јануари 1899 - 25 јануари 1947) бил најпознатиот американски криминалец од добата на „сувиот закон“ во САД.[1] Тој бил водачот на Чикашката мафија, која оперирала во 20-тите години од минатиот век во Чикаго и се занимавала со незаконска трговија со алкохол, проституција и изнудување рекет.[2]

Капоне бил роден во Бруклин, сиромашна населба во Њу Јорк, како дете на италијански доселеници.[3] Од училиште бил избркан на 14 годишна возраст, по што се вклучил во локалните криминални банди.[4] Кога наполнил 20 години се преселил во Чикаго, каде заработувал шверцувајќи алкохол и покрај таквата забрана со закон. Покрај ова, поткупувал владини лица и се занимавал со организирана проституција.[5]

И покрај овие нелегални активности, Капоне станал видна јавна личност. Донирал парични средства во многубројни хуманитарни организации, со што го добил прекарот „современиот Робин Худ“. Неговиот јавен углед бил нарушен со аферата „Масакрот на Св. Валентин“ (1929), кога настанала вооружена престрелка помеѓу членови на неговиот клан и на фамилијата на ирецот Багз Моран. Во таа пресметка биле убиени седум членови на непријателската банда.

Во 1931 год. Капоне бил обвинет за даночна евазија и бил испратен во федералниот затвор, но бил ослободен во 1939.[6] Затворската казна ја издржувал во тогаш новоотворениот казнено-поправен дом Алкатраз. По ослободувањето, Капоне имал тешки физички и ментални нарушувања, кои дополнително се влошиле поради болеста невросифилис (кила на мозочното ткиво) која била во поодминат стадиум.[7] Починал на 25 јануари 1947, како последица на застој во срцевата работа, откако претходно претрпел мозочен удар.

Наводи[уреди]

  1. „Ал Капоне (прв дел)“ (на Македонски). Попара.мк. 2013 година. http://popara.mk/2011/bez-naslov/mafija-mojot-svet/al-capone/. конс. 10 мај 2013. 
  2. „Кралот на подземјето: Ал Капоне“ (на Македонски). Факултети.мк. 28 август 2012. http://www.fakulteti.mk/news/12-08-28/kralot_na_podzemjeto_al_kapone.aspx. конс. 10 мај 2013. 
  3. „Биографија на Ал Капоне“ (на Бугарски). Криминалист. 1 октомври 2005. http://www.kriminalist.info/3010s1.html. конс. 10 мај 2013. 
  4. „5 интересни факти за Ал Капоне“ (на Македонски). Кафепауза.мк. 19 јануари, 2011. http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/5-interesni-fakti-za-al-kapone/. конс. 10 мај 2013. 
  5. „History Files - Al Capone“ (на Англиски). Chicago Historical Society. 1999 година. http://www.chicagohs.org/history/capone.html. конс. 10 мај 2013. 
  6. „Ал Капоне (втор дел)“ (на Македонски). Попара.мк. 2013 година. http://popara.mk/2011/bez-naslov/mafija-mojot-svet/al-kapone-ll-del/. конс. 10 мај 2013. 
  7. „Фото: Погледнете во тајната викендица на Ал Капоне“ (на Македонски). Пулс 24. сабота, 06 април 2013. http://www.puls24.mk/zanimlivosti/zanimlivosti/foto-poglednete-vo-tajnata-vikendica-na-al-kapone. конс. 10 мај 2013. 

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: