Музика на вода
„Музика на вода“ (тогашен англиски: Water Musick) е збирка оркестрални ставови, кои често се сметаат за три свити, компонирани од Георг Фридрих Хендл. Премиерата била во летото 1717 кога кралот Џорџ I побарал концерт на Темза. Концертот би изведен од 50 музичари крај неговата барка. Кралот бил толку импресиониран што побарал коцертот да се отсвири ури три пати за време на екскурзијата.
[уреди] Музика и инструментација
На пловилото биле донесени сите инструменти од барокниот оркестар освен чембалото, кое било незовможно да се постави заради неговата големина.
Овие инструменти се: две хорни, две обои, еден фагот и жичени инструменти.
Делото почнува со Француска увертира и содржи менуети, буреа, хорнпајпи и паспје. Поделено е во три свити:
Меѓутоа постојат многу докази за поинаков аранжман во собраните дела од Хендл во изданието „Дела од Георг Фридрих Хендл“, Том . 47, 1886 од Фредерик Крисандер, каде „свитите“ во Д и Г си ги мешаат ставовите. Овој редослед доаѓа од првото издание на собраните дела на Хендл од Семјуел Арнолд (1788) како и од примероците на партитури од времето на Хендл.
Денес музиката во секоја свита немаат предодреден ред. При изведбата за кралот се свирела мека и бавна музика кога пловилото на оркестарот било близу до барката на кралот, додека гласните и брзите дела се свиреле кога тие биле пооддалечени.
На снимките, делото „Музика за кралскиот огномет“ често се става заедно со „Музика на вода“, делумно или целосно. Заедно, овие дела ја претставуваат најславната музика на Хендл за оркестар во денешна смисла.
[уреди] Надворешни врски
- Енкарта (англиски)