Буре (танц)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Буре́ (фр. bourrée) е танц кој води потекло од Оверњ, Франција и Бискај, Шпанија во XVII век. Се игра во брз двоен такт, донекаде слично на гавотата. Оваа музичка форма се среќава и во делата на класичните композитори како танцов став во рамките на една свита, но и како засебно дело. Бурето и ден денес се игра во Оверњ од каде успешно прешол во Обединетото Кралство и други земји.
Јохан Себастијан Бах компонирал разни буреа во неговите оркестрални и клавијатурни свити, како и две кратки буреа во рамките на Тетратка за Ана Магдалена Бах, додека неговиот современик Георг Фридрих Хендл компонирал неколку во рамките на неговите соло камерни сонати. Буреа среќаваме и во музиката на англискиот барокен композитор Хенри Персел.
Во XIX век се компонирале буреа за пијано од композитори како Фредерик Шопен и оверњанецот Емануел Шабрие (пр. Bourrée fantasque, 1891). Викторијанскиот англиски композир Сер Хјуберт Пари компонирал буре во рамките на неговата Свита Леди Раднор (1894). Друг познат пример за овој танц е она во делото Танците на Трепсихора од Михаел Преториус.
Буре е и танцов чекор во балетот со брзи движења на нозете додека нозете се во поант или деми-поант.
Медија [уреди]
-
Буре Од Хенри Персел. Изведба на гитара. - Не можете да ја чуете снимката? Видете помош со снимки.
