Морско прасе

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Домашно морско прасе
Заштитен статус
Припитомен
Научна класификација
Царство: Animalia
Тип: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Подред: Hystricomorpha
Фамилија: Caviidae
Потфамилија: Caviinae
Род: Cavia
Вид: C. porcellus
Биномен назив
Cavia porcellus
(Еркслебен, 1777)
Синоними

Mus porcellus
Cavia cobaya
Cavia anolaimae
Cavia cutleri
Cavia leucopyga
Cavia longipilis

Домашните морски прасиња или заморчиња (лат. Cavia porcellus) се животни коишто припаѓаат на фамилијата Caviidae, род Cavia, и се чуваат како домашни миленичиња. И покрај нивното име, немаат никаква врска со море или со Гвинеја. Овие животни се глодари и имаат по 4 прсти на предните, и по 3 прсти на задните нозе. Обично живеат од 3 до 8 години, но ако се хранат со трева и се пуштаат во природна околина, можат да достигнат и до 10 години старост.

Ова животно е припитомен вид (Cavia porcellus) на јужноамериканското морско прасе (семејство Caviidae). Личи на многу други морски прасиња по тоа што е дебело, со кратки нозе и е долго 25 cm. Има мали уши, нема надворешна опашка и има крзно, коешто е црно, жолто-кафено, крем, кафено, бело или комбинација на овие бои. Должината на влакното и составот варираат. Се храни, главно, со трева и со други зелени растенија. Припитомено е во времето пред Инките, а било донесено во Европа во раните години на XVI век. Тоа е популарно домашно милениче и значајно животно за испитување. Морските прасиња играат значајна улога во испитувањата и проучувањата. Ова животно може да има свиоци на неговото крзно или пак да биде со рамно крзно.

[уреди] Звуци

Морските прасиња испуштаат разни звуци кога се гладни, се парат, се лутат и друго.

[уреди] Размножување

Мајката ги носи малите околу 70 дена и тие се раѓаат со нокти, заби, крзно и по неколку дена почнуваат да гризат.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици