Морна

Координати: 40°12′N 22°15′E / 40.200° СГШ; 22.250° ИГД / 40.200; 22.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Морна
Σκοτεινά
Поглед на црквата „Св. Никола“
Поглед на црквата „Св. Никола
Морна is located in Грција
Морна
Морна
Местоположба во областа
Морна во рамките на Катерина (општина)
Морна
Местоположба на Морна во Пиерскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°12′N 22°15′E / 40.200° СГШ; 22.250° ИГД / 40.200; 22.250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаЛоково
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно4
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Морна (грчки: Σκοτεινά, Скотина; до 1926 г. Μόρνα, Морна[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 4 жители (2021).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Стариот камен мост на реката Кара Су

Селото е сместено југоападно од градот Катерина, во долина на планината Шапка, на надморска височина од 650 м.[3] Кај селото се наоѓа стар камен мост, сместен на реката Кара Су.

Историја[уреди | уреди извор]

Неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]

Селото за првпат е споменато во документ на манастирот Забрдо од средината на XIX век, во кој се наведени дарители од Морна.[4]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 163 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 190 лица.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Скотина (Σκοτεινά).[2]

Во 1965 г. дел од жителите се преселени во селото Фотина, а во 1970-тите години останатото население било преселено во новосоздадената населба Долна Милја, поради што во пописот од 1971 г. Морна е заведена само со 1 жител, а во 1981 г. не е регистрарана како населба.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението традиционално се занимвало со сточарство, а во поново време и со земјоделството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.178 377 464 1 8 47 1 4
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Фотина, во кој влегуваат истоименото село и Локово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата „Св. Апостоли

Цркви

Литература[уреди | уреди извор]

  • Η Μηλιά στη διαδρομή των αιώνων, πρακτικά Συνεδρίου του Μορφωτικού και Πολιτιστικού Συλλόγου Κάτω Μηλιάς "Οι Λαζαίοι", 7-8 Απριλίου 2001, εκδ. ΜΑΤΙ.
  • Τσολάκη Λουκά, Το χωριό Σκοτεινά (Μόρνα) άρθρο Περιοδικό Παρουσία, τεύχη 2-3, έκδοση ΝΕΛΕ, Φεβρουάριος 1985.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 10 април 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 280.
  4. "Μπέλλος Ζήσης, Οι Επισκοπές Πέτρας και Κίτρους κατά τον Κώδικα Ζάβορδας 1534/1962… (Πρακτικά Επιστημονικού Συνεδρίου: Η Πιερία στα Βυζαντινά και Νεότερα Χρόνια, σελίδες 257-267, 1993)