Долно Иваново

Координати: 40°19′N 22°31′E / 40.317° СГШ; 22.517° ИГД / 40.317; 22.517
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Иваново
Κάτω Άγιος Ιωάννης
Споменик во селото
Споменик во селото
Долно Иваново is located in Грција
Долно Иваново
Долно Иваново
Местоположба во областа
Долно Иваново во рамките на Катерина (општина)
Долно Иваново
Местоположба на Долно Иваново во Катерина|Општина Катерина и областа Централна Македонија
Координати: 40°19′N 22°31′E / 40.317° СГШ; 22.517° ИГД / 40.317; 22.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаКоринос
Надм. вис.&1000000000000006100000061 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно603
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долно Иваново (грчки: Κάτω Άγιος Ιωάννης, Като Агиос Јоанис) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 9 километри северно од градот Катерина и на 6 километри западно од центарот на општината, Коринос. Селото се наоѓа на надморска височина од 61 метри[2].

Историја[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 56 семејства и 203 бегалци[3], додека во 1940 година селото броело 488 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 465 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 823 жители, во 1971 година имало 651 жител, во 1981 година имало 688 жители, додека во 1991 година имало 678 жители[4]. Денеска, населението на селото е 603 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 488 465 823 651 688 678 702 603
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Координати од www.fallingrain.com
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 122.