Брјаза

Координати: 40°16′N 22°19′E / 40.267° СГШ; 22.317° ИГД / 40.267; 22.317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брјаза
Βρία
Поглед на селото од запад
Поглед на селото од запад
Брјаза is located in Грција
Брјаза
Брјаза
Местоположба во областа
Брјаза во рамките на Катерина (општина)
Брјаза
Местоположба на Брјаза во Пиерскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°16′N 22°19′E / 40.267° СГШ; 22.317° ИГД / 40.267; 22.317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаШапка
Надм. вис.&10000000000000330000000330 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно319
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Брјаза или Врјаза (грчки: Βρία, Врија; до 1926 г. Βρυάζα, Врјаза[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 319 жители (2021).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 4 км западно од градот Катерина и 3 км јужно од Ретина, во источните падини на планината Шапка, на надморска височина од 330 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 128 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 112 лица.[3]

Во 1926 година, името на селото било променето во Врија (Βρία).[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението произведува пченица, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 210 269 354 410 503 394 422 414 319
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 20 квадратни километри.[3] Општината Брјаза била приклучена во општината Шапка во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Шапка со седиште во селото Ретина, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брјаза, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата „Св. Никола

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 10 април 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 269–270.