Мис Бикини на Универзумот
Мис Бикини на Универзумот е избор на убавици со најубаво тело. Секоја година најубавите девојки од универзумот му се придружуваат на изборот. Најпознат победник е Дијана Старкова од Украина. Таа беше крунисана 2003 година и стана меѓународен супермодел за многу кратко време.
Содржина |
Мис Бикини на Универзумот 2009 [уреди]
Мис Бикини на Универзумот за 2009. година се одржуваше од 30.септември до 6.октомври 2009. во југозападната кинеска автономна област Гуанџи Жуанг. Планирано е да се направи модна „Т“ писта долга 209 метри со што би се влегло во Гинисовата Книга на Рекорди. Темата на настанов е „Убавината на Бејхај“ [1].
Мис Бикини на Универзумот 2008 [уреди]
Мис Бикини на Универзумот 2007 [уреди]
Мис Бикини на Универзумот 2006 [уреди]
Олена, Мисот од Украина, го победи „Мис Бикини на Универзумот“. Вкупно 48 убавици се наптреваруваа на Сребрената Плажа во Бејхај, во јужната кинеска Автономна Област Гуанси Џуанг[2]. Изборот почна на 22 август 2006, а финалето се одржa на 26 август [3].
Мис Бикини на Универзумот 2005 [уреди]
Мисот на Македонија, Маријана Станојковска, беше крунусана за „Мис Бикини на Универзумот“ [4] во завршницата на изборот за „Мис Бикини на Универзумот“ во Бејхај, познато летно одмаралиште во југозападната кинеска Автономна Област Гуанџи Жуанг, на 30 јули 2005. Маријана има завршено уметност во Средното Уметничко Училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Таа се бави и со манекенство. Работи за скопската агенција „Моделс Ин“ [5].
Мисот на Турција, Дениз Сирин, и Мисот на Русија, Олга Шилованова беа првата и втората придружничка на Маријана.
