Метилофили

Од Википедија — слободната енциклопедија

Метилофилите (научно: Methylophilaceae) образуваат фамилија на протеобактерии и се единствената фамилија во редот Methylophilales.

Тие припаѓаат на метилотрофните бактерии, што значи дека се способни за искористување на молекули кои не содржат директни јаглерод-јаглерод врски во нивниот метаболизам. Овие молекули им служат како единствен извор на енергија потребна за раст, која ја добиваат со оксидација на овие соединенија. Примери за вакви соединенија се мравска киселина, формалдехид, метанол, метиламин и диметиламин.

Одлики[уреди | уреди извор]

Метилофилите не можат да живеат без кислород, па затоа се облигатни аеробни бактерии. Тие не формираат спори или капсули. Тоа се грамнегативни бактерии на чија клеточна мембрана однадвор лежи тенок муреински клеточен ѕид, а се претпоставува дека има и втора липидна мембрана. Некои видови (Methylophilus methylotrophus) се движат со помош на еднополови камшичиња, додека другите не поседуваат камшичиња (Methylophilus leisingeri). Клетките обично се стапчевидни.

Метилофилите се наоѓаат во слатките води, почвата и калта. Играат голема улога во јаглеродниот циклус.

Метаболизам и метилотрофија[уреди | уреди извор]

Метилотрофните бактерии користат молекули кои не содржат С-С врски како материјал за изградба на нивните клетки и добивање на енергија. Вакви молекули можат да бидат еднојаглеродните соединенија (пример, метанол), како и повеќејаглеродните, но притоа едниот јаглероден атом да не е директно поврзан за другиот (пример, диметиламин). Метилофилите најчесто ги користат метанолот и метиламинот како извори на јаглерод и енергија. Метанот, најпростото органско еднојаглеродно соединение, не може да се обнови од страна на метилотрофните бактерии. Бактериите кои може да го обноват метанот се нарекуваат метанотрофи. Примери за метанотрофи се Methylocystis и Methylosinus, двата членови на фамилијата Methylocystaceae, како и бактериите Methylococcus и Methylobacter од фамилијата Methylococcaceae.

Метилофилите ги оксидираат метилните групи на соодветните соединенија (како метанол или формалдехид), при што добиените електрони се пренесуваат до респираторната низа. Асимилацијата на јаглерод кај метилофилите се одвива по т. н. рибулозо-монофосфатен пат.

Општо земено, бактериите од оваа фамилија се облигатни метилотрофи, тие можат да користат молекули без С-С врски за добивање енергија и асимилација на јаглерод (растење, изградба на бактериската клетка). Меѓутоа, некои соеви се способни да искористат други соединенија, како на пример некои моносахариди (прости шеќери). Така на пример, Methylophilus methylotrophus расте добро на гликоза[1]. Други вакви соединенија се лактоза, етанол и пропанол. И видот Methylovorus glucosotrophus може исто така што расте на гликоза. Како извори на азот можат да служат едноставни молекули како амонијак, диметиламин или нитрат. Стапчевидната бактерија Methylotenera mobilis може исто така што го користи метиламинот како единствен извор на јаглерод и азот.

Систематика[уреди | уреди извор]

Метилотрофните и метанотрофните бактерии се филогенетски различни. Метилофилите се однесуваат кон бета протеобактериите. Други метилотрофни бактерии се наоѓаат во алфапротеобактериите.

Родови на метилофили:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. George M. Garrity: Bergey’s manual of systematic bacteriology. 2. Auflage. Springer, New York, 2005, Vol. 2: The Proteobacteria Part C: The Alpha-, Beta-, Delta-, and Epsilonproteobacteria ISBN 0-387-24145-0