Протеобактерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Протеобактерии
Escherichia coli
Научна класификација
Домен: Bacteria
Колено: Proteobacteria
Stackebrandt et al., 1988 [1]

Протеобактериите (Proteobacteria) се една од главните групи (тип) на бактерии. Тука припаѓаат неколку патогени, како Escherichia, Salmonella, Vibrio, Helicobacter и многу други важни родови. [2] Другите се слободноживеачки и ги вклучуваат многу од бактериите одговорни за азотна фиксација.

Поради големото разнообразие на форми во оваа група, протеобактериите се именувани по Протеус, грчкиот бог на морето, способен да го менува своето тело во најразлични форми.[1] [3]

Особини[уреди]

Сите протеобактерии се грамнегативни, со надворешна мембрана составена главно од липополисахариди. Многу од нив се движат со помош на камшичиња, но некои се неподвижни или зависат од бактериското лизгање по површината. Вакви лизгачки бактерии се, на пример, миксобактериите, единствена група на бактерии кои можат да се агрегираат и да дадат повеќеклеточни плодни тела. Исто така, постои и големо разнообразие во типовите на метаболизам меѓу претставниците од оваа група. Повеќето членови се факултативно или облигатно анаеробни и хетеротрофни, но постојат бројни исклучоци. Неколку родови, кои не се блиску меѓусебно поврзани, ја претвораат енергијата од светлината по пат на фотосинтеза. Овие се т.н. пурпурни бактерии, чие име се однесува на најмногу црвенкастата пигментација.

Систематика[уреди]

Оваа група е образувана главно врз основа на проучување на секвенци од рибозомска РНК (rRNA). Протеобактериите се поделени во пет оддели, означени со грчките букви алфа до епсилон, исто така основани на проучување на rRNA секвенци. Овие групи многу често се третираат како класи. Иако претходно е укажано на тоа дека Gammaproteobacteria e парафилетски таксон во однос на Betaproteobacteria, скорешните молекуларни податоци укажуваат дека ова не е точно. Одделите на протеобактерии порано се сметаа за поткласи (на пример, α-поткласа на Proteobacteria), но сега се сметаат за класи (на пример, Alphaproteobacteria) и би требало да се пишуваат со закосени букви, како еден збор[4].

Rhodobacteria[уреди]

Алфа протеобактерии[уреди]

Chromatibacteria[уреди]

Бета протеобактерии[уреди]
Гама протеобактерии[уреди]

Делта протеобактерии[уреди]

Епсилон протеобактерии[уреди]

Зета протеобактерии[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Stackebrandt et al. Proteobacteria classis nov., a name for the phylogenetic taxon that includes the "purple bacteria and their relatives". Int. J. Syst. Bacteriol., 1988, 38, 321-325.
  2. Madigan M; Martinko J (editors). (2005). „Brock Biology of Microorganisms“ (11th издание). Prentice Hall. ISBN 0131443291. 
  3. „Proteobacteria“. „Discover Life: Tree of Life“. http://stri.discoverlife.org/mp/20m?tree=Proteobacteria&res=800. конс. 9 февруари 2007. 
  4. Lee at al. Int J Syst Evol Microbiol 55 (2005), 1907-1919.