Грамнегативни бактерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грамнегативната бактерија Pseudomonas aeruginosa (виолетово-црвени стапчиња).

Грамнегативни бактерии претставуваат бактерии чиј клеточен ѕид не се обојува со кристал-виолетова боја при боење по Грам. Најчесто кратко се означуваат како Gr (-).

Клеточен ѕид[уреди]

За разлика од грампозитивниот клеточен ѕид, грамнегативниот клеточен ѕид содржи тенок пептидогликански слој прилепен за цитомембраната, кој е одговорен за неможноста на клеточниот ѕид да ја задржува кристал-виолетовата боја при деколоризација со етанол за време на грамното боење. Покрај ова, грамнегативниот клеточен ѕид содржи надворешна ципа составена од фосфолипиди и липополисахариди кои се во непосреден контакт со надворешната средина. Високиот полнеж на липополисахаридите дава целокупен негативен полнеж на грамнегативниот клеточен ѕид. Хемиската структура на надворешната ципа е често единствена до специфична за бактериските подвидови и е одговорна за многу антигенски својства на овие подвидови.

Поврзано[уреди]