Бета протеобактерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бета протеобактерии
Burkholderia pseudomallei на агар во петриева плоча.
Научна класификација
Домен: Bacteria
Колено: Proteobacteria
Класа: Betaproteobacteria
Редови

   Burkholderiales - на пример, Bordetella
   Hydrogenophilales
   Methylophilales
   Neisseriales - на пример, Neisseria
   Nitrosomonadales
   Rhodocyclales
   Procabacteriales

Бета протеобактериите (Betaproteobacteria) сочинуваат една класа на протеобактерии.[1]

Бета протеобактериите се состојат од неколку групи на аеробни или факултативни бактерии кои се силно разнообразни во поглед на разградувачките капацитети, но исто така содржат хемолитотрофни родови (како на пример, амонијак-оксидирачкиот род Nitrosomonas) и некои фототрофи (членови на родовите Rhodocyclus и Rubrivivax). Бета протеобактериите имаат улога во азотната фиксација кај различни типови на растенија, при што го оксидираат амониумовиот јон до нитрит — важно хемиско соединение потребно за функционирањето на растението. Многу од нив се наоѓаат во примероци земени од животната средина, како отпадна вода или почва.[2] Патогени видови во рамките на оваа класа се оние од фамилијата Neisseriaceae (кои предизвикуваат гонореа и менингитис) и видови од родот Burkholderia.

Систематика[уреди]

Во класата на бета протеобактерии се наоѓаат следните редови[3]

Некои од поважните фамилии се:

Наводи[уреди]