Марјан Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марјан Илиевски
ПозицијаБек (како кошаркар)
Тренер
Висина1,94 м
Тежинакг
КлубПелистер
Роден7 декември 1975(1975-12-07)(48 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1996–2002
Клубови
Како играч:
1996-1997Неметали Огражден
1997-2000Куманово
2000МЗТ Аеродром
2000-2001Никол Ферт
2001-2002Куманово
Како тренер:
2009–2010Вардар Осигурување
(помошник тренер)
2012-2014Лирија
2014-2015Сигал Приштина
2016Кожув
2017-2019Блокотехна НБ
2019АВ Охрид
2020-Пелистер
Репрезентација
Инфо од: 02.06.2020.

Марјан Илиевски (роден 7 декември 1975 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар, и тренер на Пелистер.

Историја[уреди | уреди извор]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Во сезоната сезоната 2013/14, Илиевски со Лирија стигнал до полуфиналето во Првенството, додека во Купот станал вицепрвак. Поради распаѓањето на Лирија во 2014 година, Илиевски станал слободен тренер.[1] Во пресрет на сезоната 2014/15, Илиевски потпишал за косовскиот клуб Сигал Приштина,[2] екипа со кој го освоил домашното првенство, косовскиот Куп и Балканското првенство. Во декември 2015 година, Приштина и Илиевски меѓусебно го раскинале договорот.[3] Во февруари 2016 година, Марјан Илиевски станал главен тренер на Кожув,[4][5][6] каде што останал до крајот на сезоната. Во јануари 2017 година, Илиевски станал тренер на новиот проект-клуб Блокотехна[7] Сезоната 2017/18, како тренер на дебитантот Блокотехна НБ, Илиевски стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот.[8][9] Во сезоната 2018/19, Марјан останал во Блокотехна,[10] со која станал првак во БИБЛ натпреварувањето и вицепрвак во Купот на Македонија 2019. За сезоната 2019/20, Илиевски потпишал за АВ Охрид.[11][12] Но откако на 30 септември, односно на пет дена пред планираниот почеток на сезоната, АВ Охрид најавил распад на клубот и со тоа Илиевски станал слободен тренер.[13] На крајот на октомври, Илиевски пронашол ангажман во косовски Раховеци.[14][15] Во март 2020 година, поради финансиски проблеми на Раховеци,[16] Илиевски го напуштил клубот.[17] На крајот на мај 2020, за сезоната 2020/21, тој станал тренер на Пелистер.[18][19] На крајот на мај 2021 година, поради здравствени причини Марјан Илиевски бил тргнат од главното тренерско место во Пелистер, но останал главен тренер за следната сезона.[20][21]

Успеси[уреди | уреди извор]

Играчки титули[уреди | уреди извор]

Македонија Никол Ферт[уреди | уреди извор]

Тренерски титули[уреди | уреди извор]

Косово Приштина[уреди | уреди извор]

Македонија Блокотехна[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „КК Лирија замина во историјата – отворено писмо на тренерот Марјан Илиевски“. tip.com.mk. 2014. Посетено на 10 јули 2019.
  2. „Марјан Илиевски е нов тренер на Сигал Приштина“. tip.com.mk. 2014. Посетено на 10 јули 2019.
  3. „Марјан Илиевски ја напушти Приштина“. gol.mk. 8 декември 2015. Посетено на 10 јули 2019.
  4. „Кожув го отпушти Кукулекидис, нов тренер е Марјан Илиевски“. ekipa.mk. 3 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2017-03-17. Посетено на 10 јули 2019.
  5. „Кожув и со трет тренер: Кукулекидис избркан, Илиевски нов предводник!“. sportmedia.mk. 3 февруари 2016. Посетено на 10 јули 2019.
  6. „Тренери се менуваат како чорапи: Кожув со отказ за Кукулекидис, Илиевски трет тренер сезонава“. sport365.mk. 3 февруари 2016. Посетено на 10 јули 2019.[мртва врска]
  7. „Главчев почнува нова кошаркарска приказна – Блокотехна“. ekipa.mk. 9 јануари 2017. Посетено на 10 јули 2019.
  8. „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 10 јули 2019.
  9. „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 10 јули 2019.
  10. „Блокотехна и Илиевски продолжуваат заедно кон нови успеси“. ekipa.mk. 10 јули 2018. Посетено на 10 јули 2019.
  11. „Илиевски се раздели со Блокотехна, ја презема клупата на АВ Охрид“. ekipa.mk. 26 јуни 2019. Посетено на 10 јули 2019.
  12. „Марјан Илиевски во новата сезона на кормилото на АВ Охрид“. gol.mk. 26 јуни 2019. Посетено на 10 јули 2019.
  13. „Илиевски: Штета, Охрид можеше да биде успешна кошаркарска приказна“. ekipa.mk преку web.archive.org. 1 октомври 2019. Посетено на 1 октомври 2019.
  14. „Илиевски ќе ја брани титулата во БИБЛ“. basketball.mk преку web.archive.org. 27 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-28. Посетено на 28 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Марјан Илиевски најде нов ангажман по Охрид“. ekipa.mk преку web.archive.org. 27 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-28. Посетено на 28 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „KB Rahoveci will not finish the season in the Balkan League“. balkanleague.net преку web.archive.org. 4 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-11. Посетено на 11 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Марјан Илиевски си замина од Раховеци“. ekipa.mk преку web.archive.org. 11 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-11. Посетено на 11 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „Марјан Илиевски – нов тренер на Пелистер“. ekipa.mk преку web.archive.org. 30 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „ОФИЦИЈАЛНО: Марјан Илиевски е нов тренер на Пелистер“. gol.mk преку web.archive.org. 30 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. Мартин Танасковски (24 мај 2021). „КК Пелистер: Видиќ е привремен, Илиевски останува прв тренер следната сезона“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-05-26. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „КК Пелистер: Видиќ е привремено решение, Илиевски се враќа на клупата за наредната сезона“. ekipa.mk преку web.archive.org. 24 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-26. Посетено на 26 мај 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]