Марија Тјудор (кралица на Франција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марија Тјудор
MaryTudor112.jpg
Кралица на Франција
На престол 9 октомври 1514 – 1 јануари 1515
Крунисување 5 ноември 1514
Spouse Луј XII
Чарлс Брендон
Деца
Хенри Брендон († 1522)
Френсис Брендон
Елеонора
Хенри Брендон
Династија Династија Тјудор
Татко Хенри VII
Мајка Елизабета Јоршка

Марија Тјудор (англиски: Mary Tudor; 18 март 1496 - 25 јуни 1533) — англиска принцеза и кралица на Франција како сопруга на кралот Луј XII.

Родена е во Ричмондската палата во Лондона како петто дете на англискиот крал Хенри VII и неговата сопруга Елизабета Јоршка. Таа била исклучително блиска со нејзиниот брат Хенри VIII, кој станал кум на нејзината прва ќерка. Во 1507 година таа била ветена за кастилјскиот крал Карло V, идниот император на Светата Римска империја. Но поради политички причини, тој брак не бил склучен. Наместо ова, епископот Томас Волсеј го уредил бракот помеѓу Марија која имала тогаш 18 години, и францускиот крал Луј XII кој имал 52 години. Официјалната церемонија се случила на 9 октомври 1514 година. Заедно со Марија, како дел од кралската придружба во Франција пристигнала и Ана Болејн, идната сопруга на нејзиниот брат Хенри. Но по само три месеци од свадбата, францускиот крал починал.

По неговата смрт, кралот Хенри VIII испратил свои луѓе за да ја донесат повторно Марија во Англија. Помеѓу луѓето кои биле испратени бил и Чарлс Брендон, војвода од Суфолк, во која Марија била вљубена уште како дете. Пред да биде омажена за францускиот крал, Марија имала љубовна врска со Чарлс Брендон, па тој бил принуден од страна на англискиот крал дека нема да и предложи брак. Но и покрај тоа, тој се оженил тајно со Марија на 3 март 1515 г/ во Франција. Ова, според законите, довело да тој биде осуден на егзекуција. Но, главно поради интервенцијата на Томас Волси и молбата на Марија да тој не биде убиен, кралот Хенри го помилувал.

Во крајна сметка, кралот се согласил околу нивниот брак и официјално на 13 мај 1515 година тие се ожениле во дворецот Гринвич. Од нивниот брак се родиле три деца: Хенри Брендон, Лејди Френсис Брендон, мајка на Лејди Џејн Греј, и Лејди Елеонор Брендон.

Во англискиот двор, Марија продолжила да ја користи титулата кралица на Франција. Таа продолжила да живее со својот сопруг во Суфолк. Но односите помеѓу Марија и нејзиниот брат се влошиле кога таа не дала подршка за разводот на нејзиниот брат со Катерина Арагонска

Починала во 1533 година.