Маргарет Браун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маргарет „Моли“ Браун

Маргарет Браун
Роден(а) Маргарет Тобин
18 јули 1867
Ханибал, Мисури, САД
Починал(а) 26 октомври 1932 (на 65 години)
Њујорк Сити, Њујорк
Причина за смрт Тумор на мозок
Живеалиште Њујорк Сити, Њујорк
Националност Американка
Други имиња Моли Браун, Меги Браун, Непотонливата Моли Браун, Маргарет Тоби Браун, г-ѓа Џејмс Џ. Браун
Занимање активист
Познат(а) по го преживеала потонувањето на Титаник
Родно место Денвер, Колорадо
Плата $700 месечно (денес $18,107 месечно)
Богатство 238,000 (денес 3,304,557)
Вера католик
Сопружник Џејмс Џозеф Браун (1886–1922); (негова смрт)
Деца 2
Родители Џон Тобин (1820–1899)
Џоана Колинс (1825–1905)

Маргарет „Моли“ Браун (англиски: Margaret Molly Brown; 18 јули 1867 - 26 октомври 1932) — американска филантропка, социјална реформаторка и следбеничка на модата.

Браун, ќерка на ирски имигранти, постувала основно училиште, а потоа работела во фабрика за тутун. Го следела својот брат и во Колорадо (околу 1884 година) се запознала и омажила со Џејмс Браун, рудар. Откако тој открил злато во 1894 година, се преселиле во Денвер, каде што биле прифатени од високото општество. Таа станала основачки член на Женскиот клуб во Денвер, дел од националната мрежа на женски клбубови посветени кон подобрување на условите за жените и децата. Откако ја оставил сопругот, се преселила во Њујорк, па во Њупорт, каде што уживала социјален углед. Како патник на Титаник во 1912 година, помогнала во управување на чамец за спасување и од новинарите на САД била наречена „непотонливата Моли Браун“. Нејзиниот живот, како легенда, бил обработен во филм и мјузикл.

Користена литература[уреди]