Македонка, споменик на Револуцијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонка, споменик на Револуцијата
Трите релјефи во 2022 година
МестоКуманово
ПроектантКоста Ангели Радовани, Маријан Хаберле (соработник)
Типстатуа и релјеф
Материјалбетон

Македонка, споменик на Револуцијата ― комплекс споменик кој се наоѓа на Плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово. Споменикот е дело на Коста Ангели Радовани и неговиот соработник Маријан Хаберле. Комплексот се состои од една статуа и три релјефи. Споменикот е со тематика од три периоди и тоа: Илинденскиот, Народноослободителната војна и социјалистичката изградба.[1] Споменикот е заведен како културно наследство на Македонија.[2]

Композиција и значење[уреди | уреди извор]

Скулптурата „Македонка“.

Скулптурата „Македонка“ која освоила награда на изложбата во Домот на ЈНА во Белград, на тема НОБ, во 1961-та година, припаѓа на третата фаза од неговата работа. Во време на борба за реафирмација на модерното против историското, за плурализмот против догматизмот, тој значително отстапил. Македонската жена ја претставува доста конзервативно. Гордо исправена, а не потчинета, облечена, а не разголена. Потенцирањето на женските облини кои се карактеристични за неговото творештво, овде не ги претставил.[1]

Источната страна на релјефот посветен на социјалистичката изградба.

Скулптурата е дел од споменикот на Револуцијата во Куманово, кој се наоѓа во средиштето на градот. Зафаќа цел комплекс на површина на која се поставени три релјефни композиции, изработени од истарски травертин со тематика од три периоди и тоа: Илинденскиот, Народноослободителната војна и социјалистичката изградба. На посебен постамент е поставена скулптура со човечки лик на жена (наречен „Македонка“) во цел раст во натприродна големина изработена од базалтен камен.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „„Mакедонка, споменик на Револуцијата" / Радовани“. marh.mk. 26 јули 2019. Архивирано од изворникот 2019-11-17. Посетено на 12 декември 2022.
  2. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 9 август 2021. Посетено на 12 декември 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]