Соколански дом (Куманово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соколански дом
Соколански дом
Карта
Соколана
Општи податоци
МестоКуманово, Македонија
АдресаУл. „Народна Револуција“ б.б.
Почната1923
Завршена1931
Пуштена во употреба6 септември 1931
Проектирање и изградба
АрхитектМомир Горуновиќ (главен проект)
Владимир Антонов (покривна конструкција)

Соколански дом, познат и како Соколана ― поранешно спортско здание во Куманово. Градбата била изградена во 1931, чиј архитект е Момир Горуновиќ. Таа била седиште на кумановското Соколанско друштво.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата почнала во 1923 и била со повремени прекини. Домот е граден со средства од доброволни прилози од населението и од тогашната кумановска еснафска јавност.[1] Соколанскиот дом бил завршен во 1931 година и му бил свечено предаден во употреба на Соколанското друштво на 6 септември 1931 година. Главниот проект го изготвил белградскиот архитект Момир Горуновиќ, додека проектот за покривната конструкција го изготвил Владимир Антонов.[2]

Салата на Соколанскиот дом во минатото била користена како домашен терен на КК Куманово.

Во октомври 2019 година, Соколанскиот дом и неколку други спортски зданија биле дадени под владение на Општина Куманово откако Јавното претпријатие за стопанисување на спортски објекти им ги одзело дозволите на тогашните тековни приватни стопанисувачи.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почна реконструкцијата на спортскиот комплекс „Соколана" во Куманово“. a1on.mk. 3 февруари 2021. Архивирано од изворникот 2022-12-21. Посетено на 21 декември 2022.
  2. „Соколански дом“. visitkumanovomk.wordpress.com. Архивирано од изворникот 2021-11-16. Посетено на 15 декември 2022.
  3. „Спортските објекти вратени на Општина Куманово во „хорор" издание“. kumanovskimuabeti.mk. 24 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2022-12-06. Посетено на 15 декември 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)