Лох

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед преку Лох Ломонд кон планината Бен Ломонд

Лох (гел.: loch, или lough вон Шкотска) е водна површина која може да биде:

Тесниот морски затон се нарекува „морски лох“.

Етимологија и примена[уреди]

Називот на оваа водна површина е од гелско[1] потекло и се применува за речиси сите езера во Шкотска како и за многу морски затони во западна и северна Шкотска. (Список ќе најдете на Список на лохови во Шкотска).

Во Ирска лохот е познат како „лок“ (Lough) и се употребува за разни водни површини. Вкави примери се Лох Неј, Лох Кориб, Лох Дерг и др. Истиот збор се употребува и во северна Англија.

Иако не постои строга дефиниција за големина, мал лох се нарекува „лохан“ (шкотски: lochan, ирски: lochán).

Веројатно најпознатиот лох во Шкотска е Лох Нес, иако има други големи лохови како Лох Ау, Лох Ломонд и Лох Теј.

Примери за морски лохови во Шкотска се Лох Лонг, Лох Фине, Лох Лини, Лох Ерибол, Лох Тристан, Трислох.

Исползување на лоховите[уреди]

Некои нови хидроакумулации за хидроенергија добиле верни имиња како природните водни површини - на пример акумулациите: Лох Слој, Лох Лох Лаган и Лох Трејг (дел од хидроенергетскиот комплекс Лохабер близу Форт Вилијам). Други површини се нарекуваат едноставно резервоари, как на пример: Блеквотерскиот Резервоар над Кинлохлевен.

Лохови вон Шкотска и Ирска[уреди]

Бидејќи „лох“ е општ гелски збор, истиот го наоѓаме и во коренот на неколку мански топоними.

Во САД, военото пристаниште Перл Харбор кое се наоѓа на јужното крајбрежје на главниот хавајски остров Оаху, е еден од комплекс на затони. Неколку затони во овој комплекс се нарекуваат лохови - Југоисточен Лох, Мери Лох, Источен Лох, Среден Лох и Западен Лох.

Брентонскиот Лох на Фолкландските Острови е морски лох, близу Лафонија, Источен Фолкланд.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Зборот се употребува во следниве јазици: шкотски, ирски, мански and низински шкотски; покрај шкотскиот англиски, ирскиот англиски и стандардниот англиски јазик.

Надворешни врски[уреди]